Повик за волонтери Печати
Среда, 19 Февруари 2020 10:36

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамки на својата програма за волонтирање и практиканство, распишува оглас за 3 (три) волонтери со цело работно време за период до 3 месеци. Волонтерите ќе бидат вклучени во проектнитe активности на МЦМС, а фокусот на активностите ќе биде на предвидените парламентарни избори.

www.mcms.mk www.mojotizbor.mk 2

Работните обврски на волонтерот/ката ќе бидат:

  • Собирање и обработка на податоци;
  • Поддршка во подготвувањето на кратки вести и анализи; 
  • Поддршка при организирање на настани;
  • Други работи поврзани со работата на МЦМС.

Кандидат(к)ите треба да имаат одлични вештини на работа во MS Windows, MS Office и пребарување на Интернет. Предност ќе имаат кандидат(к)ите кои имаат познавање од програми за дизајн и алатки за обработка и визуализација на податоци. 

Ангажманот ќе се спроведува во периодот 1 март –  31 мај 2020 година. Со кандидат(к)ите може да се склучат и договори со времетраење од два месеци. За својот ангажман волонтер(к)ите ќе добијат надомест на трошоци за храна и превоз.

Избраните волонтер(к)и ќе добијат и обука за спроведување на работните задачи.

Заинтересираните кандидати може да ги постават своите прашања и испратат своја кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на Наташа Димова на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 25 февруари 2020.

Само предселектираните кандидати/ки ќе бидат контактирани и повикани на интервју.