Обука за односи со јавноста Печати
Недела, 04 мај 2008 01:00
Во програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) и проектот Обука за градење на капацитети на локалната самоуправа, МЦМС организира обука за: Односи со јавноста 17- 19 јуни 2008, хотел Континентал - Скопје

Содржина на обуката:

Односите со јавноста ви овозможуваат да го проектирате имиџот или личноста на вашата организација кај вашата „јавност“ - корисници, поддржувачи, спонзори, донатори, локалната заедница и вашата друга публика.

Значи се работи за пренесување на вашата порака до вашата публика, но тоа е двонасочен процес. Вие мора да комуницирате со вашата публика, но треба исто така да и овозможите на публиката полесно да комуницира со вас. Вистинските односи со јавноста вклучуваат дијалог - вие треба да ги слушате другите, да ги гледате нештата од нивна перспектива.

Односите со јавноста може да бидат корисни за секоја организација, не заради сензационалната промоција на нејзините постигнувања, туку за да станат покритични кон својата работа. Гледајќи ја организацијата на начинот на кој ја гледаат другите, може да станете подобри и сигурни дека на корисниците им ја давате најдобрата можна услуга.

Цел на обуката е учесниците да се стекнат со практични знаења и вештини за односи со јавноста, да се подигне свеста за креирање и развивање на односи со јавноста преку медиумите и другите форми на помоција како што се билтените, брошурите, извештаите, презентациите, специјалните настани итн.

По завршување на обуката Односи со јавноста кај учесниците ќе се зголеми свеста за важноста на односите со јавноста во промовирањето на организацијата и градењето на нејзиниот имиџ. Исто така, учесниците ќе ги подобрат своите знаења и вештини во:

  • комуникација со медиумите (организирање прес конференции, прес соопштенија, давање интервјуа, воспоставување односи со локалните и националните медиуми);
  • градење стратегија за односи со јавноста;
  • користење на други форми за односи со јавноста (билтени, брошури, специјални настани и др.)

Услови: Обуката е наменета за раководните кадри (градоначалници, раководители на сектори и одговорни лица за односи со јавноста) од општиниската администрација на фокус општините на програмата ЛРЗ: Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп.

На обуката се покануваат да учествуваат по двајца претставници од секоја општина.

Претставниците од фокус општините на програмата ЛРЗ ќе користат целосна стипендија за учество на обуката со што сите трошоците за учеството на обуката во износ од 17.800,00 МКД се покриени од страна на МЦМС и Evangelischer Entwicklungsdienst (EED) - Германија www.eed.de. Патните трошоци од местото на живеење до местото на одржување на обуката се на сметка на учесниците.

Пријавување: Пријава за учество на обуката
Програма: Програма за обуката „Односи со јавноста“

Краен рок за пријавување е петок, 13.06.2008 г.

Лице за контакт:
Афродита Муслиу
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
тел: 02/ 3065-381


Поврзани: