Обуки за градење на капацитетите на Локалната самоуправа Печати
Четврток, 24 април 2008 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамките на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) започна со спроведување на проектот „Обука за градење на капацитети на локалната самоуправа”.

Цел на проектот се подобрени организациски и институционални капацитети на руралните и други мали заедници за развојни иницијативи, и треба да придонесе кон подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Целна група на проектот се фокус општините на програмата ЛРЗ: Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп.

Очекувани резултати се: развиени знаења и вештини за пристап и управување со фондови, и зајакнати човечки ресурси во локалните самоуправи за управување и раководење.

Со проектот ќе се спроведат повеќе обуки и скроени консултации:

1. Обуки во прва половина на 2008 год

- Пристап до донаторите и изработка на апликации (13-14 мај 2008, Велес)

Повик-оглас за учество на обука „Пристап до донатори и изработка на апликации“
Пријава за обука „Пристап до донатори и изработка на апликации“
Програма за обуката 13-14.05.2008, х.Романтик-Велес

- Подготовка на проекти за ИПА (10-11 јуни 2008, Скопје)
- Односи со јавноста (17-19 јуни 2008, Скопје)

2. Обуки во втора половина на 2008 год

- Раководење со човечки реурси (септември 2008)
- Тимска работа и раководење со тим (октомври 2008)
- Комуникациски вештини и решавање на конфликти (ноември 2008)

3. Скроени консултации и водење низ процес на подготовка на апликации

Секоја од фокус општините да има можност да искористи консултации и совети за изработка на апликација за проект во интерес од нивната сфера. Консултациите ќе бидат испорачани од консултанти од МЦМС во периодот април – ноември 2008 година по поднесено барање од општините.

За повеќе информации за проектот и предвидените активности обратете се до Миодраг Колиќ ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , тел: 02/ 3065-381).


Поврзани: