Финансиски советувањa за граѓански организации Печати
Среда, 06 Февруари 2008 01:00
Во актуелниот момент кога во контекстот брзо се случуваат промените, еден од основните услови за преживување на организациите е да развијат разбирање и доверба кон користењето на алатките за финансиско раководење. Не губете го чекорот.
Ова советување обезбедува најнови информации за подготовката на завршните сметки, даночните обврски и ослободувања и извештаите и ревизиите.

Што ќе имате можност да слушнете и научите на советувањето

Подготовка на завршни сметки 2007 година
Даночни обврски и извештаи
Даночни ослободувања за донации и спонзорства
Извештаи и ревизии (вклучително и претставување на ревизори)

Предавачите се искусни експерти од Управата за јавни приходи како и од водечки домашни ревизорски друштва.

По завршувањето на советувањето, експертите ќе ви бидат на располагање и за телефонски консултации додека ги подготвувате вашите завршни сметки.

Кому му е наменето советувањето

На раководствата и финансиските раководства на граѓанските организации, стопанските комори и други;
На финансиските работници на граѓанските организации и
На финансиските работници во претпријатијата.

Време и место на одржување

Советувањата се еднодневни и ќе се организираат по следниот редослед:


Град

Време

Ко-организатори

1

Штип
х.Оаза

12 февруари

Здружение на финансиски работници од Велес

2

Битола
Центар за култура

15 февруари

Форум на Граѓански организации – Битола

3

Гостивар
Сала на општината

18 февруари

АДИ, Месечина

4

Скопје
х.Континентал

20 февруари

ССК, СКСЗМ и Меѓаши



Пријавување

Заинтересираните треба да пополнат пријава.

Пријавата можете да ја преземете тука.

Партиципацијата за учество на советувањето изнесува 800 МКД. Таа вклучува материјали од советувањето, освежување на паузите, ручек и две телефонски консултации.

Повеќе информации кај Валентина Чичева, на телефон 02/3065 381 или на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Поврзани: