Конкурс - Институционален развој - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Конкурс - Институционален развој PDF Печати Е-пошта
Петок, 02 ноември 2007 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на програмата “Институционален развој “ ќе поддржи публикување на 7 магистерски трудови кои ќе обработуваат прашања од областа на граѓанското општество.
Целта на овој фонд е да се поттикнат и да се промовираат теми од областа на граѓанското општество како и да се мотивира натамошниот развој на оние кои се занимаваат со проблематиката на граѓанскиот сектор.

Заради еднаков пристап кон заинтересираните за овие грантови МЦМС распишува

КОНКУРС

За доделување грантови за истражувачки публикации

1. ТЕМИ

- Основните слободи и права во законот и праксата
- Природата и квалитетот на односите меѓу граѓанското општество и државата
- Актерите на граѓанското општество и приоритетните општествени интереси
- Граѓанското општество и оспособувањето на граѓаните да носат одлуки што имаат влијание на нивните животи
- Граѓанското општество и задоволувањето на општествените потреби
- Граѓанското општество и влијанието врз јавните политики
- Актерите на граѓанското општество и транспарентноста
- Граѓанското општество и толеранцијата
- Барање одговорност од државниот и деловниот сектор
- и други теми релавантни за наведените подрачја

Деталните објаснувања за темите ќе ги добиете во Упатството за пријавување заедно со другите обрасци за пријавување на конкурсот.

2. ДЕТАЛИ ЗА ТЕКСТОВИТЕ

Текстовите/магистарските трудови треба да ги имаат стандардните елементи потребни за еден магистерски труд.
Авторите треба да достават структура на текстот. Во структурата треба да биде наведена тезата, кратко да биде опишан теорискиот дел и емпирискиот дел како и времето на спроведување.
Веќе подготвени трудови, доколку се во согласност со темите, исто така ќе бидат земени предвид.

3. АВТОРИ

Право за аплицирање ќе имаат постдипломци од областа на општествените науки

4. РОК

Документите може да се подигнат секој работен ден, од 09-15 часот, во просториите на МЦМС на ул. Никола Парапунов бб. (комплекс Макотекс или Стара телевизија).

Доставувањето на потребните документи може да се изврши секој работен ден од 9-15 часот во просториите на МЦМС или на адреса: ул. Никола Парапунов бб, П. фах 55, 1060 Скопје, односно е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна до 16 јануари 2008 година. За повеќе информации јавете се на 02/3065-381.

5. ИЗБОР

Изборот на предлозите ќе го врши комисија на МЦМС. Пријавените ќе бидат известени најдоцна десет дена по завршувањето на конкурсот. Рок за испорака на текстовите, за оние кои ќе бидат избрани ќе биде 1 септември 2008 година.

6. ФОНД НА КОНКУРСОТ

Вкупниот износ на фондот изнесува 736.400 МКД. Поединечните износи нема да ја надминат сумата од 105.200 МКД.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Конкурс - Институционален развој