Оглас за засновање работен однос на определено време Печати
Среда, 14 март 2007 01:00
МЦМС има потреба од соработник што ќе биде ангажиран во програмата Водоснабдување на општина Јегуновце. Соработникот треба да ги организира и спроведува проектите од програмата, да врши координација со вклучените организации и институции и да прави мониторинг на активностите за градба на системот за водоснабдување на општина Јегуновце.

Ангажманот е на определено време од девет месеци.

Кандидатот треба да ги исполнува општите и следните посебни услови:

  • основни познавања за концептите на работата на МЦМС;
  • искуство со реализација и контрола на проекти за градба на системи за водоснабдување;
  • способност за комуникација (усна и писмена), презентација и ширење на информации, како и прилагодување кон нови задачи;
  • способност за тимска работа;
  • минимална стручна подготовка VII степен на образование - Градежен факултет (предност ќе имаат кандидатите со хидроградежен смер);
  • познавање на англиски јазик;
  • докажана способност да работи со компјутери и
  • возачка дозвола (Б категорија).

Кандидатите ќе се избираат со претходна проверка на знаењата.

Кандидатите треба да достават: пријава, биографија и потврда за завршено образование.

Конкурсот е отворен до 21 март 2008 г., до кога треба да се достави пријавата за работа на е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , по пошта или лично на адреса на: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), ул. Никола Парапунов бб, П.ф. 55, 1060 Скопје.

Изборот ќе се изврши во рок од 8 (осум) дена, од затварањето на огласот, а кандидатите ќе бидат писмено известени за извршениот избор.

Пријава за работа (.doc)


Поврзани: