Конкурс на тема „Успешно искористување на ИПАРД фондовите“ Печати
Недела, 10 декември 2006 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за потребите на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) 2006-2009 распишува КОНКУРС, за текстови на тема „Успешно искористување на ИПАРД фондовите“
Текстовите треба да презентираат: анализи на состојбите; методи, пристапи и позитивни практики на другите држави од регионот во успешно локализирање и искористување на предпристапните европски фондови; и компаративни анализи на предложениот македонски пристап со успешните примери од регионот.

Текстовите треба да ја презентираат стратегијата и пристапот кој ќе биде применет за користење на ИПАРД фондовите во Македонија. При тоа, процедурата за начинот како ќе се користат ИПАРД фондовите во Македонија треба да биде презентирана на едноставен и визуелен начин.

ДЕТАЛИ ЗА ТЕКСТОВИТЕ

Големината на текстовите треба да биде помеѓу 5 и 10 страници, напишани со новинарски проред.

Авторите на конкурсот се пријавуваат со концепт за текстот кој не треба да биде повеќе од 2 страници и треба да содржи структура на текстот, односно содржина на текстот во која задолжително ќе бидат наведени: насловот на текстот, проблемите/прашањата коишто ќе се третираат со текстот и одговорите на нив.

Веќе подготвени текстови исто така ќе бидат земени во предвид.

АВТОРИ

Како автори можат да се појават сите заинтересирани граѓани. Тие треба да достават:
- Биографија, и
- листа на објавени/подготвени текстови (доколку имаат).

Се поттикнуваат за учество, студентите и постдипломците кои имаат афинитети кон истражување на темата.

РОК

Доставувањето на текстовите може да се изврши секој работен ден од 8 до 16 часот во просториите на МЦМС, на адреса: ул. Никола Парапунов бб, п. фах 55, 1060 Скопје, или на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна до 29 декември 2006, контакт лице Миодраг Колиќ.

ИЗБОР

Изборот на предлозите за текстови ќе го врши комисија составена од претставници од релевантни институции и организации.

Авторите на селектираните концепти за текстови ќе бидат известени најдоцна десет дена по завршувањето на конкурсот. Рокот за доставување на конечните верзии на текстовите, за оние кои ќе бидат избрани, ќе биде 31 јануари 2007 година. МЦМС го задржува правото на забелешки на текстовите и дополнителни консултации со авторите.

Селектираните текстови ќе бидат отпечатени во публикација под работен наслов “Успешно искористување на ИПАРД фондовите”.

ФОНД НА КОНКУРСОТ

Вкупниот фонд за конкурсот изнесува 70.000,00 МКД.
Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 15.000,00 МКД.


Поврзани: