Обука за раководење со проектен циклус - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за раководење со проектен циклус PDF Печати Е-пошта
Петок, 10 април 2009 13:26

Обуката е дел од програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) и проектот Градење на капацитети и модернизација на локалната самоуправа.

Цели на обуката:

  • Стекнување практични знаења и вештини за начинот на изработка на проекти;
  • Примена на методот на проектно планирање во редовната пракса на општините.

По завршување на обуката Раководење со проектен циклус, учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за:

  • примена на алатките за проектно планирање (дијаграм на проблеми и дијаграм на цели, логичка рамка);
  • фази на проектен циклус;
  • значењето на раководењето со проектен циклус во општините;
  • процесот на подготовка на проекти;
  • алокација на ресурси и буџетирање;
  • мониторинг и евалуација.

Услови:

Обуката е наменета за фокус општините на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ): Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп.

Претставниците од фокус општините на програмата ЛРЗ ќе користат целосна стипендија за учество на обуката со што сите трошоците за учеството на обуката во износ од 18.200,00 МКД се покриени од страна на МЦМС и Evangelische Entwicklungsdienst - Германија www.eed.de.

На обуката може да се пријават и претставници од другите општините кои ќе може да аплицираат за стипендија во износ од 70% од цената на обуката.

Бројот на учесниците на обуката е органичен. Селектираните кандидати ќе бидат известени по телефон или на е-маил.

Пријавување:

Пријава за обуката Раководење со проектен циклус .

Краен рок за пријавување е среда  06.05.2009.

Лице за контакт:

Миодраг Колиќ  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , тел: 02/3065-381 локал 122

Програма за обуката Раководење со проектен циклус .

 

Повеќе информации за обуките на МЦМС.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Обука за раководење со проектен циклус