Обука за обучувачи за недискриминација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за обучувачи за недискриминација PDF Печати Е-пошта
Петок, 10 април 2009 15:14

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на програмата Македонија без дискриминација поддржан од ПРОГРЕС програмата на Европската Унија, заедно со партнерите на програмата Полио плус, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика, ќе организира  Обука за обучувачи за недискриминација.
Обуката ќе се одржи во Скопје од 5 до 7 мај 2009 година.

Обуката е наменета за активисти на граѓанските организации и претставници на релевантни органи на државната управа (пр. Одделението за еднакви можности при МТСП) кои што работат во областа на заштита на човековите права и недискриминацијата и кои што се силно мотивирани во иднина да го пренесат нивното знаење на други заинтересирани страни.

На крајот на обуката учесниците ќе бидат оспособени сами да:

  • ги проценат потребите за обука и да постават цели за учење;
  • изберат и употребат методи и материјали за обука, како и да употребат принципи на партиципативно учење;
  • дизајнираат, да испланираат и да спроведат партиципативна сесија;
  • да применат практични техники за презентирање и фацилитација.

Во текот на целата обука, при совладувањето на вештините ќе бидат користени примери и содржини од областа на еднаквите можности и недискриминацијата.

Обучувачки ќе бидат експертките за недискриминација од Migration Policy Group со седиште во Брисел: Isabelle Chopin и Lilla Farkas.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата и да достават мотивациско писмо (не подолго од 500 збора).

Пријавите ќе бидат објективно оценети и селектирани од проектниот тим.

Работен јазик на обуката ќе биде англиски.

Рок за пријавување е 22 април 2009 година, до 16 часот.

Пријавите испратете ги по факс на 02 3065 298 или по пошта на адреса: Македонски центар за меѓународна соработка, ул. Никола Парапунов, бб, П.Фах. 55, 1060 Скопје.

Пријава за обуката за обучувачи за недискриминација .

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, освен патните кои ги покриваат учесниците.

За сите дополнителни информации контактирајте го Кренар Кука, на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

Повеќе информации за обуките на МЦМС.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Обука за обучувачи за недискриминација