Јавен конкурс за извршен директор - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен конкурс за извршен директор PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 20 јули 2009 15:39

Одборот на директори е колективен раководен орган на МЦМС кој брои два извршни директори. Со овој конкурс се избира еден извршен директор со мандат до јуни 2011 година.

Кандидатите треба да имаат:

  • Познавање на мисијата на МЦМС и концептите на граѓанско општество и одржлив развој;
  • Способност за водство, ориентација, управување и мотивирање на другите;
  • Знаења за основни раководни концепти, организациски развој, стратешко планирање, оценување, финансиско планирање и раководење, раководење со човечки ресурси;
  • Способност за комуникација и презентација;
  • Висок интегритет, одговорност и отчетност;
  • Почит за другите, вклучителност и партиципативност, и поддршка на мултикултурноста и на ненасилството.

Конкурсот е отворен до 20 август 2009 година.

Пријавување се врши со:

  • Писмо;
  • Биографија во формат на MЦМС;
  • Краток есеј за прашање од јавната политика од значење за МЦМС (до три страници);
  • Кратка изјава за сопственото видување на МЦМС (до една страница);
  • Кратка изјава за целите во кариерата (до една страница).

Преземете ги: Описот на работното место со целосниот преглед на компетентноста, процедурата за избор и форматот на МЦМС за биографија.

Дополнителни информации можат да се побараат икслучиво на е-пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Јавен конкурс за извршен директор