Битола, Дебар и Јегуновце ги добија првите стратегии за соработка со ГО - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Битола, Дебар и Јегуновце ги добија првите стратегии за соработка со ГО PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 март 2012 00:00

МЦМС, во рамките на проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“, го водеше процесот на подготовка на стратегии за соработка помеѓу граѓанските организации и општините во Битола, Дебар и Јегуновце.

IMG 1319

Стратегиите се усвоени од страна на советите во трите општини во декември 2011 г. Временската рамка за спроведување на стратегиите е четири години и тие ќе се спроведуваат во периодот од јануари 2012 до декември 2015 година.

Стратегиите се подготвени на консултативен начин со голема вклученост на граѓанските организации во периодот од септември до ноември 2011 година, во две фази: прво беа формирани работни групи за подготовка на концепт на стратегиите, а потоа во втората фаза предлог – концептот на стратегиите беа дискутирани на форумски настани со голема група организации и претставници на советите на општините. 

Процесот на подготовка на стратегиите се заврши со консултативна дводневна работилница на Програмскиот одбор на проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“, кој беше составен од претставници од трите пилот-општини во проектот (Битола, Дебар и Јегуновце), претставник на Министерството за локална самоуправа, претставник на ЗЕЛС и претставници на МЦМС.

Проектот беше финансиски поддржан од Европската Унија преку Инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Битола, Дебар и Јегуновце ги добија првите стратегии за соработка со ГО