Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Благодарница за МЦМС за неизмерната поддршка на Ел хилал PDF Печати Е-пошта
Четврток, 26 април 2012 13:39

Хуманитарната организација Ел хилал, по повод 20-годишниот јубилеј додели благодарница на МЦМС за долгогодишната соработка и незимерната поддршка за институционалниот развој на оваа организација.

photo

Претседателот на Ел хилал, Бехиџудин Шехапи во своето обраќање истакна дека Ел хилал заедно со МЦМС го воспоставувал мостот на довербата меѓу граѓаните на Македонија без оглед на нивната припадност во клучните моменти за Македонија. Во обраќањето тој се заблагодари и на Сашо Клековски, досегашниот извршен директор на МЦМС за „огромната поддршка за институционалниот развој на Ел хилал и неговото членување во Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ)“. Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС се заблагодари за признанието и за поддршката која Ел хилал ја дава на МЦМС преку членството во управните тела. „Колку што Ел хилал учи од нас, толку и ние од нив“, рече Кржаловски.

20 godini El hilal

Вчера, Ел хилал со свечена седница, промоција на документарен филм и монографија и доделување благодарници го прослави својот 20-годишен јубилеј. На свеченоста присуствуваа над 250 гости од сите сектори на општеството. Граѓаните во два наврати  (2008 и 2010) ја наведуваат Ел хилал меѓу првите пет најуспешни граѓански организации во Македонија.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Благодарница за МЦМС за неизмерната поддршка на Ел хилал