Нови публикации за донесувањето закони и учеството на јавноста - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нови публикации за донесувањето закони и учеството на јавноста PDF Печати Е-пошта
Среда, 23 мај 2012 14:47

Неодамна излегоа од печат две публикации чиј заеднички именител е доброто владеење. Станува збор за Прирачникот за учество на јавноста во процесот на донесување на закони и за Критериумите и постапките за избор на граѓански организации во меѓусекторските тела. Двете публикации се во издание на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, а нивни автори се Емина Нурединоска од МЦМС и Катерина Хаџи-Мицева Еванс од Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) од Будимпешта.

kriteriumi-i-postapki-mkpriracnik-za-ucestvo

Прирачникот е подготвен врз основа на анализа на тема: Транспарентност и учество на јавноста во процесот на подготвување закони: Споредбен преглед и процена на остојбата во Македонија. „Процената на состојбите покажа дека во Република Македонија постојат неколку документи кои ја даваат основата за вклученост на јавноста во процесот на донесување закони“, велат авторките. „Но“, додаваат, „постојат одредени недостатоци во спроведување на одредбите на овие документи. Во практиката, министерствата ја согледуваат важноста од вклученост на граѓанските организации и на други засегнати страни во подготовката на законите и тие настојуваат да обезбедат учество на јавноста. Но, не се бројни примерите кога законите, подзаконските акти или прописите за спроведување се донесуваат со учество на јавноста.“

Критериуми и постапките нудат компаративен преглед и опис на состојбата во Македонија. Публикацијата вклучува примери на постапки и критериуми од Европа, анализа на постојните трендови и постапки за вклучување на македонските ГО во работата на меѓусекторските работни групи или владини тела и предлага можни модели за избор на претставници на ГО, кои можат да се користат како насоки за државните институции во процесите на воспоставување на транспарентни постапки.

Прирачникот е достапен на македонски, на албански и на англиски јазик, а Критериуми на македонски и на англиски јазик.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нови публикации за донесувањето закони и учеството на јавноста