Дискусија за Стратешки насоки за влијание на политиките во уште две области Печати
Среда, 26 декември 2012 13:22

По одржаната прва работилница на работната група за дефинирање конкретни решенија за подобрување на соработката на граѓанскиот сектор со органите на државната управа во процесите на подготовка на законите, на 24 и 25 декември 2012 г.  и други две работни групи сочинети од претставници од граѓански организации одржаа работилници за подобрена соработка помеѓу граѓанските организации и ресорните министерства за измени на политиките поврзани со анти-дискриминација и за политиките поврзани со даночниот третман за граѓанските организации. 

IMG 1272

На работилницата за анти-дискриминација беше разгледана постоечката законската рамка за спречување и заштита од дискриминација. Како позитивно беше истакнато донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, со што им се овозможи на граѓаните нов механизам за заштита од дискриминација. Како не доволно добри и не прецизни се истакнаа неколку решенија од законот: недореченост на законот за облиците на дискриминација, недореченост во основите за дискриминација, неусогласеност на останатите закони со овој закон, општи критериуми за избор на членови во Комисија за заштита од дискриминација и сл.

Работната група која расправаше за приоритетите во соработката со цел унапредување на одредбите од даночните закони кои се однесуваат на граѓанските организации ги согледа недостатоците и предлози измени во Законот за данок на додадена вредност, Законот за данок на довика и Законот за персонален данок на доход.

IMG 4859

И во двете работни групи учесниците предложија можните решенија за стратешки пристап кон органите на државната управа и ги идентификуваа клучните актери кои треба да се вклучат во идните активности за измена на постоечката правна рамка.

Како резултат на работилниците ќе произлезат Стратешки насоки со предлог мерки за проблемите и можните активности за подобрена соработка и измени на соодветната регулатива.

Работилниците се организирани во рамките на проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони” кој е поддржан од Европската Унија од инструментот за човекови права и демократијата (ЕИДХР). Целта на проектот е да се зголеми соработка на граѓанските организации со органите на државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони. Проектот се спроведува во партнерство со ЦНВОС од Љубљана и Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).


Поврзани: