МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Битола, Велес и Аеродром Печати
Петок, 15 март 2013 14:47

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“ ги објавија резултатите од истражувањето на јавното мислење во Битола, Велес и Аеродром за: излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на тие општини.

bitolaОсуммина кандидати во Битола ќе се натпреваруваат за градоначалничката фотеља. Доколку утре се одржат локалните избори, 40,1% од граѓаните ќе гласаат за Владимир Талески, кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, 14,7% за Менде Диневски, кандидатот на СДСМ, 3,1% за Зоран Лазароски-Паљо, кандидат на група избирачи, 1,7 за Африм Селими од ДПА, 1,5 за Јорго Огненовски, кандидат на група избирачи, 1,3% за Љубомир Груевски од НДМ, 1% за Лилјана Настеска од СДПМ и 0,1% за Ѓоко Дамевски од СДУ. Вкупно 34,2% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, дека нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, 32,3% ќе гласаат за листата на ВМРО-ДПМНЕ, 16,1% за листата на СДСМ, 1,2% за листата на ДПА, 1% за листата на ДУИ,  2,1% за друга листа. Што се однесува до одѕивот на гласачите, 68,5% рекле дека со сигурност ќе излезат да гласаат.

velesВо Велес, 33,4% од граѓаните ќе гласаат за Аце Коцевски, кандидат на СДСМ, 31,3% за Славчо Чадиев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 1,3% за Марјан Спасовски, кандидат на СДУ, 0,8% за Тања Петровска од СДПМ, а 0,1% за Горан Мишков од Сојузот на титовите леви сили. Вкупно 32% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, граѓаните предност и даваат на листата на ВМРО-ДПМНЕ, 32,6% би гласале за неа, а 15,3% за таа на СДСМ. За друга листа би гласале само 1,1% од оние што одговориле на прашањето. Имајќи ги предвид одговорите се очекува голема излезеност на изборите, 68,6% рекле дека сигурно ќе излезат да гласаат.

aerodromВо Аеродром, 58,1% од граѓаните ќе гласаат за актуелниот градоначалник, Ивица Коневски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Диме Велковски, кандидатот на СДСМ, има поддршка од 10,1% од граѓаните кои одговориле, а Драгољуб Јаќоски, кандидат на СДПМ има поддршка од 0,5% од граѓаните. Вкупно 28,6% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, нема да гласаат или воопшто не одговориле. ВМРО-ДПМНЕ има предност и кај советничките листи, 44,2% од граѓаните што одговориле би гласале за нивната листа. За советничката листа на СДСМ би гласале 13,3% од граѓаните, а за некоја друга, 0,9%. Во Аеродром се очекува сигурно да излезат 66% од граѓаните на изборите.

Истражувањата се направени преку телефонска анкета 8 до 11 март 2013 година, на репрезентативни примероци од 800 испитаници со +/- 3,5 % грешка.

МЦМС и ИДСЦС продолжуваат со спроведување на анкетите во текот на оваа недела и во десетина други општини, за што ќе следат и дополнителни извештаи во наредните денови до понеделник, 18.03.2012 г. кога е последниот законски рок за објавување на анкетите на јавното мислење поврзани со локалните избори.


Поврзани: