Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Конференција за регионалните партнерства на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Четврток, 30 мај 2013 12:40

На 23 и 24 мај 2013 година во Белград, Србија се одржа регионалната конференција на тема „Европската комисија и граѓанските организации: се развиваме заедно“. Целта на конференцијата беше да се претстават резултатите од досега спроведените активности  и да се дефинираат и дискутираат главните предизвици со кои се соочиле организациите во спроведувањето на проектите од програмата на Европската комисија, Директорат за проширување за поддршка на рамковните договори за партнерства. Настанот собра повеќе од 200 претставници од граѓански организации од регионот на Западен Балкан и Турција и државите членки на ЕУ.

20130524 094001

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е вклучен во оваа програма: како партнер во проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавна свест“ и како членка на БЦСДН мрежата во проектот: „Acquis на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Претставници на МЦМС на оваа конференција беа Симона Огненовска, Марија Саздевски и Борјан Ѓузелов.

IMAG0154Главниот фокус на конференцијата беше ставен на претставувањето на Стратегиите развиени во рамките на 18 проекти. Проектите беа поделени според тематските прашања што овозможи поттикнување на соработката помеѓу мрежите формирани за проектите. Стратегиите адресираа некој од  приоритетите на програмата:

  1. Зајакнување на капацитетите за анализа, застапување и следење на клучните секторски реформи на регионално и национално ниво;
  2. Подобрување на средината за граѓански активизам и дијалог помеѓу граѓанското општество и државата на регионално и национално ниво;
  3. Подигнување на легитимитетот, транспарентноста и одговорноста на граѓанските организации во регионот.

Конференцијата беше искористена и за дискутирање на предизвиците и научените лекции во почетен период од спроведувањето.

Организатор на конференцијата беше канцеларијата за техничка поддршка на граѓанските организации (TACSO) од Србија, во соработка со генералниот директорат за проширување при Европската комисија и канцеларијата за соработка со граѓанското општество на Владата на Република Србија.

 
civica-logo
tacso-logo

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Конференција за регионалните партнерства на граѓанските организации