Во Ростуша и Липково претставени резултатите од ОЖП - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во Ростуша и Липково претставени резултатите од ОЖП PDF Печати Е-пошта
Сабота, 21 септември 2013 23:23

На 17 и 18 септември 2013 г. се одржаа два информативни состанока со околу 40 жени од општините Маврово и Ростуша и Липково на кои им беа претставени досегашните постигнувања во програмата „Оспособување на жените погодени во конфликтот (ОЖП)“.

IMG 3582

„Многу ми помогна ангажирањето во обуката низ работа, научив многу нови работи, запознав многу добри луѓе“го раскажа своето искуство Арта Бајрами од Ваксинце на  состаноците. „Сега“, вели, „се прашувам што ќе правам кога ќе завршат трите месеци предвидени за обука, вакви можности не ни се пружаат често.“ И останатите учеснички се согласија дека проектот е ретка активност, од која населението има конкретна корист и која има позитивно влијание на здобивањето или подобрувањето на вештините како и на јакнењето на свеста не само на целната група, жените од седумте општини, туку и на нивните домаќинства и на локалниот деловен сектор.

P1030144

Што се однесува до досегашните постигнувања, 100 жени посетуваат курсеви за англиски јазик, 50 за работа на компјутер, а 23 стекнуваат искуство преку обука низ работа во девет претпријатија. Учесничките беа информирани за темите на курсевите за занимања во нивните општините и другите обуки, но и за можностите за вклучувањето во овие курсеви и во обуката низ работа.

Во Маврово и Ростуша беше организирана и средба со сопствениците на локалните претпријатија и други чинители од оваа општина, на која беа подетално информирани за можностите и обврските за обуката низ работа. Стопанствениците исто така го оценија позитивно проектот, особено помошта да во поврзувањето со целната група. За таа цел, МЦМС и партнерите пролетта спроведоа студија за проценка на понудата и побарувачката на работна сила, врз чија основа се организира поврзувањето на учесничките со соодветните локални претпријатија.

Sostanok na LSG-3

ОЖП е финансирана од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а се спроведува во партнерство со Флоренс Најтингел од Куманово, Инцијатива за европска перспектива од Скопје и Рекански бисер од Маврово и Ростуша. Целта на програмата е поддршка на пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

 

 

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Во Ростуша и Липково претставени резултатите од ОЖП