Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Жените стекнаа квалификации за повеќе занимања PDF Печати Е-пошта
Петок, 31 јануари 2014 00:00

Во јануари оваа година МЦМС продолжи со обуките за жените учеснички на програмата Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот.

zhenite steknaa kvalifikacii za povekje zanimanja 1

Седумнаесет жени од тетовскиот и скопскиот регион ги завршија курсевите за кроење и шиење. Курсевите за тетовскиот регион ги спроведе фабриката за конфекција „Лијотекс“ – Вратница, а за скопскиот регион Универзитетот „Кочо Рацин“ – Скопје. Жените се здобија со вештини за самостојно кроење и шиење текстилни материјали, а покажаа и интерес за понатамошно учење и за учество во тримесечната обука низ работа, за да го практикуваат тоа што го научиле изминатите месеци.

Обуката низ работа за администрација, угостителство, фризерство, шиење и продажба успешно ја завршија 59  жени. Во истиот период уште шест учеснички од кумановскиот регион стекнаа вештини за електронско сметководство, на курсот кој го испорача образовниот центар „Визија“ – Куманово.

zhenite steknaa kvalifikacii za povekje zanimanja 2

Заедно со нив, вкупно 92 жени стекнуваа практично искуство за повеќе занимања. Дел од нив беа задржани во работен однос од страна на претпријатијата.

Со курсеви за фризерство, електронско сметководство и за возачка дозвола, во јануари 2014 г. започнаа уште 25 жени.

Жените кои учествуваат во курсевите за занимања се избрани според социјално-економската состојба на нивното домаќинство, а во согласност со нивните интереси, претходни знаења и потребите на пазарот.

Проектот „Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот“ е финансиран од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), a го спроведува МЦМС со партнерите со цел да се поддржи пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

 
civica-logo
tacso-logo

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Жените стекнаа квалификации за повеќе занимања