Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Можностите треба да се искористат PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 24 Февруари 2014 13:32

Десет учеснички од скопскиот регион, кои успешно го завршија курсот за кроење и шиење, на 11 февруари 2014 г. добија дипломи. На доделувањето, тие ги презентираа своите нови вештини преку облеката која сами ја направиле во текот на курсот. Сите изразија голема благодарност до МЦМС и ЕУ, како и до проектниот и наставниот тим за добиената можност да го научат занаетот и да го верифицираат стекнатото знаење.

mozhnostite treba da se iskoristat 2

„Научивме многу нови работи“, изјави една од учесничките. „Ваква можност ретко им се дава на жените во Македонија. Јас сум домаќинка и благодарение на курсот излегував од дома почесто од обично и можев да запознам други луѓе. Тоа е додадената вредност на овие курсеви. И еве сега, добив желба и редовно да работам“, рече таа. Нејзината „соученичка“ се пофали дека благодарение на стекнатите вештини добила работа во конфекција, а  уште една од учесничките изјави дека почнала да шие дома. Сите имаат иста порака до жените кои уште се двоумат дали да ги прифатат ваквите можности – без оглед на возраста, не треба да размислуваат, ваквите можности треба да се искористат.

Проектниот тим од МЦМС е многу задоволен од резултатите од курсот. Даниела Стојанова, раководител на проектот, изјави дека оваа група покажала најголема мотивација и посветеност. „Иако се работеше за интензивен курс со повеќе часови дневно, ниту една од учесничките не се откажа ниту го намали интересот и желбата за учење. На крај тоа се гледа не само од постигнатите резултати туку и од радоста и задоволството на жените кога ги презентираа нивните производи и плановите за иднината“, рече таа.

mozhnostite treba da se iskoristat 1

Курсот го спроведе Универзитетот за доживотно учење „Кочо Рацин“ од Скопје во текот на декември  и јануари 2014 г.

Проектот „Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот“ е финансиран од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), a го спроведува МЦМС со партнерите со цел да се поддржи пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

 
civica-logo
tacso-logo

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Можностите треба да се искористат