Финансирањето на граѓанските организации од страна на државата во Западен Балкан и Турција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Финансирањето на граѓанските организации од страна на државата во Западен Балкан и Турција PDF Печати Е-пошта
Четврток, 26 јуни 2014 15:11

Од 17 до 19 јуни 2014 година во Приштина, Косово се одржа регионална конференција под наслов „Подобрување на институционалната и правната рамка за финансирање на граѓанските организации од страна на државата“ што ја организираше канцеларијата за техничка поддршка на граѓанските организации (ТАКСО).

finansiranjeto na gragjanskite organizacii od strana na drzavata vo zapaden balkan i turcija 1

На конференцијата учествуваа над 50 претставници од државни институции, граѓански организации, како и претставници од делегациите на Европската Унија, од земјите од Западен Балкан и Турција. Симона Огненовска го претставуваше МЦМС.

Финансирањето на граѓанските организации од државата е едно од клучните прашања идентификувани во „Насоките за поддршката на ЕУ за граѓанското општество во земјите од проширувањето за периодот 2014-2020“. Тоа е една од најважните алки за развојот на силни и поефективни граѓански организации. За жал, расположливите механизми, правната рамка и практики, во голема мера се неразвиени, што го попречува искористувањето на расположливите средства наменети за граѓанските организации.

finansiranjeto na gragjanskite organizacii od strana na drzavata vo zapaden balkan i turcija 2

Регионалната конференција беше можност да се дискутираат прашањата поврзани со планирање и воспоставување на механизми за финансирање; споделување примери, како и нагласување на најдобрите практики за финансирање на граѓанските организации од страна на државата од претставници на државите од Западен Балкан и Европската Унија.

Учесниците дискутираа за последователните активности за утврдување на клучни недостатоци во финансирањето на граѓанските организации од страна на државата и заеднички чекори за нивно надминување во своите земји.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Финансирањето на граѓанските организации од страна на државата во Западен Балкан и Турција