Искуствата и перцепциите на граѓанските организации за околината за развој на граѓанскиот сектор Печати
Понеделник, 06 октомври 2014 12:36

Втора година по ред МЦМС ќе ја истражува овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор. Прибирањето податоци за таа намена започна. Одговорите на сите граѓански организации се добредојдени. Нив можете да ги дадете најдоцна до 10 октомври 2014 година (петок) со пополнување на прашалникот кој ќе го најдете на следниот линк.

MM

Податоците ќе бидат основа за подготовка на извештај со кој ќе ги информираме релевантните чинители и ќе направиме притисок за развој на соодветната легислатива и нејзино доследно спроведување.

Првиот циклус на следење на овозможувачката околина резултираше со Извештајот од следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор што го подготви и издаде МЦМС на крајот од 2013 година. Ова е прв извештај од ваков вид во Македонија.

Прашалникот е подготвен во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.


Поврзани: