Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Волонтерите и соработниците на Мировниот корпус се интерес за програмите на МЦМС PDF Печати Е-пошта
Петок, 13 Февруари 2015 00:00

МЦМС ja претстави новата програма Цивика мобилитас и останатите активности пред волонтерите на Мировниот корпус кои веќе една година живеат и работат во Македонија како и пред нивните локални соработници, кои се претставници  на граѓански организации, основни и средни училишта и општини. Настанот се одржа во Скопје на 13 февруари 2015 г.

volonterite i sorabotnicite na Mirovniot korpus se interes za programite na MCMS

Околу 60 учесници имаа можност да слушнат за програмите  и проектите на МЦМС, а во изложбениот дел да постават и прашања за конкретни активности. Најголем интерес имаше за активностите на МЦМС во полето на образованието, како и за можноста за грантови во Цивика мобилитас.

Покрај МЦМС, на настанот учествуваа уште неколку меѓународни и национални организации, како Македонскиот центар за граѓанско образование, Амбасадата на САД, Програмата за развој на Обединетите нации, ТАКСО и др.

Целта на настанот беше да се информираат волонтерите и нивните домаќини и соработници за организациите, програмите и активностите во кои можат да се вклучат или за грантовите за кои можат да аплицираат.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Волонтерите и соработниците на Мировниот корпус се интерес за програмите на МЦМС