Селектирани се добитниците на институционални грантови од Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Селектирани се добитниците на институционални грантови од Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Петок, 27 март 2015 16:00

Како што беше најавено, Цивика мобилитас го заокружи процесот на оценка, а со тоа и селекцијата на организациите потенцијални добитници на финансиската поддршка. Предселектирани се 16 организации со кои, по финализирањето на плановите ќе се потпишат договорите за поддршка.

Civica Logo Clr

Во тек е известувањето на сите организации кои поднесоа пријави за овој повик. Цивика мобилитас ќе ја продолжи соработката со сите организации, не само на следните повици за грантови туку и на националните, регионалните или тематските форуми кои ќе се случуваат во следниот период. 

Листата на организации кои добија институционални грантови ќе биде објавена кон крајот на април, по потпишувањето на договорите со нив.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Селектирани се добитниците на институционални грантови од Цивика мобилитас