Граѓанските организации и вршењето економски активности - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанските организации и вршењето економски активности PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 01 јуни 2015 13:34

2015-ekonomski-aktivnosti-vrshenje-dejnostМЦМС го издаде прирачникот за економски активности „Вршење дејност од граѓанска организација“ што е подготвен како одговор на промените кои настанаа во правната рамка од последното издавање на прирачникот, како и заради големиот интерес на граѓанските организации за ваква литература.

Прирачникот им е наменет на граѓанските организации кои се занимаваат или пак сакаат да започнат да се занимаваат со економски активности. Тој дава одговор на триесетина клучни прашања поврзани со вршењето дејност со која се остваруваат приходи за граѓанските организации. Поделен е на три дела во кои се разработува оваа тематика и тоа: општи прашања; видови дејност со која се остварува добивка; и, добивката, оданочувањето и сметководството кај граѓанските организации.

Целта на прирачникот е да ги појасни можностите за вршење економски активности и други прашања поврзани со нив и поттикнување на граѓанските организации да се занимаваат со економски активности за да обезбедат одржливост на тој начин. Преку прирачникот, граѓанските организации ќе ја запознаат законската рамка на вршењето дејност со акцент на граѓански организации, а ќе се запознаат и генерално со опкружувањето на деловните активности во Република Македонија.

Првата публикација на темата „Економски активности на граѓанските организации -компаративен преглед“ беше издадена во 2007 година, од страна на МЦМС, заедно со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Меѓународниот центар за непрофитно право (ИЦНЛ), а поддржана од Европската Унија. Во 2013 г.

МЦМС го подготви прирачникот „Економски активности: Вршење дејност од граѓанска организација“ во 2013 година во рамките на проектот „Овозможувачка правна рамка“. Проектот беше спроведен од МЦМС во партнерство со ЕЦНЛ, поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

Ажурирањето и публикувањето на овој прирачник е изготвено со финансиска поддршка на Европската Унија во рамките на проектот „Аки (Acquis) на Балканското граѓанско општество – Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓанските организации и вршењето економски активности