Избрани грантистите во рамки на Балканскиот фонд за јавни политики во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Избрани грантистите во рамки на Балканскиот фонд за јавни политики во Македонија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 28 јули 2015 11:50

МЦМС во текот на месец јуни 2015 г. им додели грантови на Здружението Конект и Институтот за демократија „Социетас цивилис“-Скопје, за подготовка на документи за јавни политики. Грантовите се доделни како дел од третиот повик на Балканскиот фонд за јавни политики. Двете организации ќе добијат и континуирана поддршка во спроведувањето на проектот од МЦМС. 

За избраните проекти

„Анализа на политиките во однос на вработувањето во граѓанска организација“ - Здружение Конект - Скопје 
Проектот треба да придонесе кон промена на политиките поврзани со вработувањето во граѓанскиот сектор во Македонија. Ќе бидат анализирани политиките, ќе се поттикне дискусија за нив меѓу засегнатите страни и ќе се подигне свеста за потребите од ефективна промена на политики. 

„Граѓанските организации како даватели на услуги: унапредување на праксата и зголемување на можностите“ - Институт за демократија „Социетас цивилис“- Скопје (ИДСЦС) 
Со проектот ќе се идентификуваат можностите за поефективно вклучување на граѓанските организации во давањето на услуги и ќе бидат подготовени препораки за политики кои ќе ја подобрат овозможувачката околина на овој аспект од работењето на граѓанските организации.

Двата проекти треба да придонесат кон Извештајот од следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. 

Во рамките на истиот повик, доделени се грантови и на организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Повеќе информации за другите добитници организации во земјите од регионот се објавени на веб-страницата на БЦСНД.

Балканскиот фонд за јавни политки се спроведува во рамки на регионалниот проект „Acquis на балканското граѓанско општество - јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. МЦМС, како партнер во регионалниот проект е дел од процесот на доделувањето грантови.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Избрани грантистите во рамки на Балканскиот фонд за јавни политики во Македонија