МЦМС денес одбележува 22 години од основањето - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС денес одбележува 22 години од основањето PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 14 декември 2015 15:21

Пред 22 години, на 14 декември 1993 година се одржа основачкото собрание на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Задачите на новата организација беа да гради долготрајни односи на соработка со организациите кои имаат слични цели, во земјата и во странство; да изгради сопствена структура; да ја информира македонската и меѓународната јавност за развојот и развојните потреби во Македонија и за сопствената работа и работата на организациите со кои соработува. Така се ставени темелите на организацијата која се разви како независна, граѓанска, не за профит организација, подготвена да се соочи со предизвиците и да креира модели или алтернативи за решавање на проблемите.

birthday mcms

После 22 години, растежот и промените се воочливи. МЦМС се гордее со промените, особено што тие водат кон добри резултати. Промените се дел од мисијата на МЦМС - да предводи и поттикнува промени, да нуди нови и алтернативни решенија на општествените проблеми.

Во овие 22 години работа, вредностите, луѓето и резултатите беа главните столбови на организацијата.

Една од вредностите што ја практикува МЦМС, што ја промовира постојано и која што е дел од успехот е доброто управување. Управните структури на МЦМС „се уникатна платформа за дијалог и соработка на различни интересни групи во Македонија“. МЦМС ги воспосатавува примерите со надеж дека тие ќе бидат инспирација за други организации и институции, затоа што за МЦМС таа е дел од успехот.

Голем дел од успехот на МЦМС се должи на луѓето и тоа не само на луѓето што директно биле вклучени во активностите, туку и на луѓето кои биле тука за да го пренесат своето искуство и да ја дадат својата поддршка. „Работењето со МЦМС“, како што рече еден од долгогодишните партнери „е да соработуваш со организација џин, а никогаш да не се почувствуваш како џуџе“. Затоа, успехот на МЦМС е успех на сите што на било каков начин биле вклучени во неговата работа.

И на крај резултатите. Тие се последица на вредностите и на луѓето, се разбира и на низа други фактори како што е на пример културата на напорна работа и вербата дека резултатите не можат да изостанат ако сите доволно се потрудат. 

За уште многу добри резултати и нови успеси – среќен роденден!

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС денес одбележува 22 години од основањето