Одржливоста на регионалните проекти поддржани од ЕУ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Одржливоста на регионалните проекти поддржани од ЕУ PDF Печати Е-пошта
Среда, 03 Февруари 2016 00:00

На 26 и 27 јануари 2016 година, во Брисел, во организација на регионалната канцеларија на ТАКСО се одржа конференција посветена на постигнувањата на граѓанските организации кои спроведуваат проекти од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) специфично Инструментот за граѓанско општество (ЦСФ) и Договорот за рамковни партнерства (FPA – Framework Partnership Agreement).

Odrzhlivosta na regionalnite proekti poddrzhani od EU 2

Вкупно 85 претставници на граѓански организации кои спроведуваат 18 проекти формулираа и препораки за поддршка на одржливоста на резултатите од спроведените проекти насочени кон Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR).

МЦМС е дел од два проекти и тоа: „Аки (Acquis) на Балканското граѓанско општество“ на регионално ниво спроведен од БЦСДН, додека вториот е „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа” спроведен од СЕЛДИ. Од МЦМС на настанот учествуваа Емина Нурединоска и Симона Огненовска.

Odrzhlivosta na regionalnite proekti poddrzhani od EU 1

Во дискусијата во работата во групи, претставниците од секој проект ги соочија ставовите, предизвиците и можностите во постигнување на одржливост на проектните активности и партнерства од три аспекти: институционална, одржливост на ниво на политики и финансиска одржливост. Заклучоците од работните групи и клучните препораки се насочени кон Европската Унија за обликување на идната поддршка во рамките на ИПА ЦСФ ФПА.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Одржливоста на регионалните проекти поддржани од ЕУ