Споделени регионални искуства од иницијатива Отворено владино партнерство - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Споделени регионални искуства од иницијатива Отворено владино партнерство PDF Печати Е-пошта
Среда, 27 април 2016 13:41

На 21 и 22 април, 2016 г во Букурешт, Романија се одржа регионален состанок за споделување на искуствата и предизвиците од спроведување на иницијативата „Отворено владино партнерство” (ОВП). На состанокот учествуваа 26 претставници на државните институции, амбасадите на Соединетите Американски Држави и граѓанските организации од Бугарија, Македонија, Романија, и Словачка. На состанокот од Македонија учествуваа претставници од Министерство за информатичко општество и администрација, Здружение за еманципација, солидарност, и еднаквост на жените (ЕСЕ) и МЦМС.

Spodeleni regionalni iskustva od inicijativa Otvoreno vladino partnerstvo

На учесниците им се обрати заменик амбасадорот на САД во Романија г. Дин Томпсон. Тој ја истакна посветеноста на Владата на САД на заложбите за спроведување на Отвореното владино партнерство и неговата важност за земјите од регионот.

Првиот ден учесниците ги споделија искуствата од досегашното спроведување на акциските планови за ОВП во нивите земји. Потоа, во три работни групи формирани од претставници на институции, граѓански организации и амбасади се разговараше за најдобрите пракси и за предизвиците со кои се соочуваат во спроведување на акциските планови. Користењето на отворени податоци беше една од добрите пракси за која зборуваа граѓанските организации.

Вториот ден беше посветен на подготовка на новите акциски планови. Учесниците споделија искуствата за начинот на организирање на консултации со засегнатите страни. Присутните дадоа и свои предлози за тоа како амбасадите може да се вклучат поактивно со цел поголемо влијание на спроведување на мерките предвидени во новите акциски планови.

Состанокот беше организиран на иницијатива на американска амабсада во Романија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Споделени регионални искуства од иницијатива Отворено владино партнерство