Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Советот на МЦМС го усвои Годишниот извештај за 2015 година PDF Печати Е-пошта
Четврток, 30 јуни 2016 12:38

Членовите на Советот на МЦМС, едногласно го усвоија Годишниот извештај за 2015 година со финансискиот извештај и независното ревизорско мислење на редовната седница што се одржа на 28 јуни 2016 година. Извештајот го презентираше Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС. „Можеме да се пофалиме дека 2015 година беше поуспешна од претходната“, рече тој, „спроведувавме 30 проекти со вкупен буџет од 93  милиони денари“.

Sovetot na MCMS go usvoi Godishniot izveshtaj za 2015 godina

Кржаловски ги презентираше постигнувањата во програмите. Тој истакна дека во 2015 година, најобемна била  програмата Цивика мобилитас (2014-2018), поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Преку неа, МЦМС создава критична маса на организации и мобилизира граѓани за остварување не целта на програмата, односно, за постигнување општествени промени. Благодарение на програмата за Борба против корупцијата, МЦМС се профилираше како значаен актер во оваа област. Преку проектите за модернизација на образованието, МЦМС ги подобри условите за учење на 200 деца во руралните средини, а спроведуваше активности и за промоција на обврските поврзани со детскиот труд.

Sovetot na MCMS go usvoi Godishniot izveshtaj za 2015 godina 2

„За надминување на проблемите на ромската заедница, МЦМС им помагаше на граѓанските организации да мобилизираат фондови за нивните активности“, рече Кржаловски и додаде дека до донаторите се поднесени 35 пријави со вкупна вредност од 6,6 милиони долари, а одобрени се девет пријави со вкупна вредност од 859 илјади долари. Во три мали заедници во Куманово и Липково, МЦМС ги водеше граѓаните низ процесот на учество во носење одлуки на локално ниво. Тие успеаа да се изборат за спроведување на пет проекти кои ќе ги подобрат условите во нивите заедници.

Членовите на Советот донесоа и одлуки за бројност на Советот на МЦМС, за Номинациски комитет за избор на Совет на МЦМС и за Листа на овластени предлагачи за членство во Советот на МЦМС. Изборите за нов состав на Советот се планирани за ноември оваа година.

 
civica-logo
tacso-logo

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Советот на МЦМС го усвои Годишниот извештај за 2015 година