Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во пресрет на Европската година на развојна помош PDF Печати Е-пошта
Четврток, 30 јуни 2016 17:13

„Одбележувањето на Европската година на развојна помош е отворена покана на Европа до светот за заедничка рефлексија за тоа како политиките, партнерствата и ресурсите на ЕУ можат најдобро да бидат искористени за да поддржат глобален развој, целосно искоренување на сиромаштијата,  и поставување на планетата на оджлив, инклузивен и просперитетен пат“ изјави комесарот за меѓународна соработка и развој на ЕУ, Невен Мимика, за време на Европски денови на развојна помош што ги организираше Европската комисија на 15 и 16 јуни во Брисел. Фокусот на настанот беше на Одржливите развојни цели на Обединетите Нации и обезбедувањето на нивна успешна реализација до 2030 година.

3

На настанот учествуваа преку 6000 учесници од 150 земји кои работат на глобална развојна помош и соработка, светски лидери, млади лидери и бројни говорници, ГО и меѓународни организации. Настанот опфати преку 500 говорници и проминентни одлучувачи, вклучително и меѓународни организации. На учесниците им се обрати Бан Ки-мун, генералниот секретар на Обединетите Нации, Џим Јонг Ким, претседателот на групацијата на Светска Банка, Фумзиле Мламбо - Нгчука, извршната директорка за женски прашања на ОН и бројни претседатели на земји: Кенија, Маурициус, Буркина Фасо, Централноафриканска Република, Самоа, Етиопија, Тимор-Лесте и други.

На 13 и 14 јуни 2016 година, во Брисел, се одржа и Годишното собрание на мрежата Конкорд-Европа каде главната тема беше се постеснетиот граѓански простор во Европа во услови на криза и улогата на Конкорд. Клучните прашања беа како да се создаде простор за граѓанските организации; како да се предизвика економската парадигма? Како да се овозможи родова еднаквост во рамки на организациите? Како да се биде инклузивен?

4

„Како да се зајакне улогата на граѓанското општество за демократија во моменталниот предизвик кој доаѓа од околината“, беше клучното прашање на инспиративна сесија посветена на „Создавање простор за ГО: време за лидерство и акција“.

На состанокот беше усвоена новата стратегија на Конкорд.

На двата настани, од МЦМС, учествуваше Симона Огненовска. Учеството е дел од регионалниот проект „Подготовка за развојна помош”, кој МЦМС го спроведува на национално ниво. Регионален координатор на проектот е Хоризонт3000 и БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска. Покрај МЦМС, на национално ниво активностите ги спроведуваат: Граѓански иницијативи и Граѓански парламент од Србија, ЦРНВО од Црна Гора, ИДМ и Конкорд од Албанија. Проектот е финансиран од Австриска агенција за развој со финансии од Австриска развојна соработка.

CONCORD GA2016 GraphicHarvesting

 
civica-logo
tacso-logo

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Во пресрет на Европската година на развојна помош