Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нови вештини за подобро интернет присуство PDF Печати Е-пошта
Вторник, 19 јули 2016 14:12

Претставници од 15 граѓански организации учествуваа на работилницата „Интернет присуство на граѓанските организации“ и имаа можност да слушнат за добрите и лошите практики на дизајн, структура, ажурирање и одржување на своите веб страници, но и да ги подобрат своите вештини во подготовка на содржините за објавување. „Програмата беше одлично осмислена, со добра рамнотежа помеѓу предавањата и вежбите“, рече Марија Спирковска од Здружението на преведувачите на РМ.

Novi veshtini za podobro internet prisustvo

Таа додаде дека практичните совети за зголемување на видливоста на граѓанските организации на Интернет ги надминале нејзините очекувањата. „Беа конкретни, умно одбрани и веднаш применливи. Очигледно е дека организаторите и предавачите ја искусиле работата на граѓанските организации од секоја можна страна и за восхит е еланот со кој тоа искуство го споделија со нас“, рече таа.

Целта на работилницата беше да им овозможи на учесниците да се запознаат со можностите што им ги нудат социјалните медиумите за подобрување на комуникацијата и споделување на информациите со целните групи и со јавноста. Тие се стекнаа со знаења за нивно ефикасно користење, како и подобрување на видливоста на нивните организации он-лајн.

Работилницата се одржа на 14 и 15 јули во хотел Романтик, Дојран, а ја организираше проектот ТАКСО и ресурсниот центар на ТАКСО воден од МЦМС. Обучувачи беа Гонце Јаковлеска и Борис Ристовски, од МЦМС.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нови вештини за подобро интернет присуство