Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Четвртата генерација Македонци се уште заинтересирани за своите корени PDF Печати Е-пошта
Петок, 05 август 2016 10:53

„Јас сум четврта генерација Македонци во моето семејство родени надвор од Македонија, а прва од нив која дошла во Македонија“, вака Бетси Амелиа Бадерс од Индијана, САД, една од шестмината млади со македонско потекло од САД и Канада кои беа дел од проектот Родум од Македонија,  ја започнува својата приказна. Дел од нејзините предци се од Егејска Македонија, а за другите се уште истражува. Нејзините дедо и баба раскажувале приказни кои ги наследиле од нивните предци и таа отсекогаш сакала да дојде овде и да ги види местата и обичаите од приказните. „Мислам дека е моја должност да го продолжам тоа, да бидам во допир со традицијата. Иако размислував, идејата дека ќе ја посетам Македонија ми беше далечна. За среќа, преку пријателите дознав за оваа можност и ја искористив. Не можам да најдам зборови да им се заблагодарам на сите, на Родум од Македонија на МЦМС, на Обединетата македонска дијаспора, на моето семејство домаќин, на останатите учесници за овие три недели престој во Македонија“, раскажува емотивно Бетси.

Chetvrtata generacija Makedonci se ushte zainteresirani za svoite koreni

Родителите ја поддржале во идејата да замине преку океанот и да ја посети татковината на нејзините предци. „Не сакав да им кажам додека не бев сосема сигурна дека ја прифатиле мојата апликација“, додава таа. „Тие ја знаат мојата страст да ги истражам корените и затоа се радуваа заедно со мене. Сега, сите едвај чекаат да се вратам и да им раскажам за тоа како поминав овде, сите се многу возбудени“, вели таа.

И за Колин Ноел Овен од Канада, искуството од престојот во Македонија е неверојатно. „Неверојатно е да се види целата оваа историја што не опкружува. Америка и Канада се многу млади држави, неколку стотини години, а овде можев да видам нешта кои се илјадници години стари“, рече Колин на завршната церемонија од проектот „Родум од Македонија“ што се одржа во  Чаршиска книжарница (Libraria e Çarshisë) во Скопје.

Покрај Бетси, дел од вториот по ред „Родум од Македонија“ беа и Кристина Димитриевски, Рајан Антони Нечески, Соња Ширли Ариго, Кевин Доналд Спероф и Колин Ноел Овен. Тие го  завршија тринеделниот студиски престој во кој беа ангажирани во кабинетот на министерот без ресор, задолжен за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф, на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во ЕуроБПО, во Музејот на македонската борба и во МЦМС. За време на нивиот престој, тие беа сместени кај семејства-домаќини и одблизу можеа да го видат секојдневието и културата на Македонците.

За МЦМС и ОМД овие искуства се само потстрек да продолжат во напорите секоја година се поголем број млади луѓе да вклучуваат во проектот „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) и на тој начин да им овозможат да бидат поблиску до нивните корени.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Четвртата генерација Македонци се уште заинтересирани за своите корени