Регионални дискусии за борбата против корупцијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионални дискусии за борбата против корупцијата PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 октомври 2016 08:31

Прашањата за борба против корупцијата во земјите од Западен Балкан и Турција беа тема на регионалниот форум наречен „Справување со корупцијата и заробената држава во Југоисточна Европа“ што се одржа на 29 и 30 октомври 2016 година во Скопје, а го организираа МЦМС и СЕЛДИ – регионалната мрежа за антикорупција.

Regionalni diskusii za borbata protiv korupcijata 1

„Корупцијата е широко распространета и Европската Унија не е исклучок“, рече во воведното обраќање, Никола Бертолини, од Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Тој додаде и дека ЕУ го поддржува граѓанскиот сектор во напорите за подобрување на доброто управување во земјите каде што се активни организациите.

Александар Арвизу, претставникот на американскиот Стејт департмент зборувајќи за корупцијата истакна дека таа ги погодува најслабите, најсиромашните граѓани. „Нема ништо подеморализирачко од тоа системот да не се бори против корупцијата“, рече тој и додаде дека таа борба може да биде исцрпувачка, но тоа не е причина да не се води. 

Иво Вајг, членот на Европскиот парламент и известувач за Македонија истакна дека феноменот на корупцијата е морално и политички неприфатлив. Во своето обраќање тој се задржа на потребата од завршување на политичката криза во која се наоѓа Македонија и на проширувањето на ЕУ. 

Александар Герганов од Центарот за изучување на демократијата од Бугарија го презентираше Системот за следење на корупцијата (ССК) во Југоисточна Европа за 2016 година според кој политичката корупција го заменила ситниот поткуп, а корупцијата останала на многу високо ниво целиот регионот. 

Regionalni diskusii za borbata protiv korupcijata 2

Емина Нурединоска од МЦМС се осврна на постигнувањата во програмата Борба против корупцијата во претходните три години. „На недостатокот на длабинска анализа за корупцијата, одговоривме со примена на иновативниот пристап на ССК. Подготвивме два истражувачки извештаи кои освен перцепцијата ја покажаа и реалната корупција“, рече таа. Дел од резултатите покажуваат зајакнати капацитети на граѓанските организации. „Особено сме горди на граѓанското здружување“, рече Нурединоска, „кое го арикулираше својот глас со Платформата за борба против корупцијата низ соопштенија, конференции, апели и реакции упатени до институциите и јавноста. Со Огледало на Владата се следеше отвореноста на институциите. Поддршката на програмата од УСАИД овде завршува, но МЦМС ќе продолжи и понатаму во борбата против корупцијата“, рече Нурединоска

Учесниците на Форумот дискутираа за искуствата на Европската Унија и земјите од Југоисточна Европа во справувањето со корупцијата, за алатките за набљудување во справувањето со корупцијата и заробената држава во Југоисточна Европа, за градењето институционални компетенции и подобрување на ефикасноста на администрацијата и за подобрувањето на ефикасноста на правосудството. 

„Заробената држава не е повеќе метафора“, истакна Христо Иванов, поранешен министер за правда на Бугарија, „мора да научиме да се справиме со тоа“, додаде тој.

Regionalni diskusii za borbata protiv korupcijata 3

Регионалниот форум во Скопје овозможи да се слушнат и разменат искуствата на институциите и граѓанските организации од целиот регион, како и оние на институциите на Европската Унија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Регионални дискусии за борбата против корупцијата