МЦМС на меѓународна конференција за развојна помош и демократија Печати
Понеделник, 14 ноември 2016 16:51

Развојна помош и демократија“ беше главниот настан во регионот и по петти пат ја третираше темата развојна помош, а се одржа на 27 октомври 2016 г. во Братислава, Словачка. Конференцијата ги опфати и приоритетите на словачкото претседателство со Советот на ЕУ. Говорниците зборуваа за потребата од заедничко дејствување за остварување на Одржливите развојни цели, за причините и справувањето со миграциите и домувањето и за потребата од иновации за поефективна развојната помош.

MCMS na megjunarodna konferencija za razvojna pomosh i demokratija 1

Конференцијата ги собра граѓанските организации, носителите на одлуки, академијата и индивидуите кои се подготвени да вложуваат во создавање иновативни идеи и ефективно вмрежување за развој. Говорниците, инсистираа на конректен придонес кон Одржливите развојни цели, зголемување на средствата за развојна помош. Секако, клучниот фокус е на изнаоѓање решенија за ефектитвно користење на средствата за развојна помош, што е паралелен процес со подигнување на транспарентноста на граѓанските организации и на бизнисите.

Др. Ала Мурабит, основачка на Гласот на либиските жени и најмладата претставничка на Глобалните развојни цели на ОН беше клучната говорничка на Конференцијата. Гласот на либиските жени води кампања за улогата на жената во религијата и инсистира на измени во начинот на кој се гледа на жените во верата. Ваквиот пристап е реплициран во повеќе од 24 земји. Според неа, со зајакнување на локалните лидери, особено жените, се обезбедува промена на  заедниците од внатре. Во нејзиното обраќање на конференцијата таа истакна дека државните органи трансформираат одредени состојби во прашања поврзани со безбедноста и за нив употребуваат вонредни средства. Тоа води кон поместување на фокусот од луѓето на кои се однесуваат конфликтите. 

На Конференцијата се разгледуваат и иновациите во развојната помош, потребата од инклузувни, безбедни и одржливи градови и зголемувањето на капацитетите на организациите од Западен Балкан за развојна помош. Во следните години Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија ќе треба да развијат механизми и да ги дефинираат своите политики за развојна и хуманитарна помош, како и да ги спроведат барањата согласно надворешните односи и одговорност за глобална развојна помош на ЕУ. Засега, во овие земји, на ниско ниво се и политичката волја и интерес за овие прашања и разбирањето и капацитетите на граѓанскиото општество кое треба да ги води овие процеси.

MCMS na megjunarodna konferencija za razvojna pomosh i demokratija 3

Конференцијата е иницирана од Европската комисија, Програмата за развој на Обединетите Нации, Фондацијата Понтис и Економскиот универзитет од Братислава.

На 28 октомври 2016 година, МЦМС зема учество и на партнерскиот состанок каде беше направен редовниот преглед на остварувањата на планираните активности. На присутните им се обрати и Михаел Обровски од Австриската фондација за истражување за развојна помош која е еден од партнерите на проектот. Обровски поттикна дискусија за важноста на граѓанските организации во прецизно и детално интерпретирање на статистиката за развојната помош на една земја, како и за комплексноста на утврдување на влијание од средствата наменети за развојна помош. Тој истакна дека е невозможно да се очекуваат големи резултати од мали акции.

Симона Огненовска од МЦМС учествуваше на двата настани. 

Учеството е дел од регионалниот проект „Подготовка за развојна помош”, кој МЦМС го спроведува на национално ниво. Регионален координатор на проектот е Хоризонт3000 и БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска и Конкорд. Покрај МЦМС, на национално ниво активностите ги спроведуваат: Граѓански иницијативи и Граѓански парламент од Србија, ЦРНВО од Црна Гора, ИДМ од Албанија. Проектот е финансиран од Австриска агенција за развој и членките на Хоризонт3000.


Поврзани: