Овозможувачка околина за граѓанските организации од регионот на Црното Море - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Овозможувачка околина за граѓанските организации од регионот на Црното Море PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 14 ноември 2016 17:06

НВО платформа – ФОНД (FOND) од Романија, од 31 октомври до 2 ноември го организираше деветтото издание на Блек си Форум на невладини организации (Black Sea NGO Forum) во Варна, Бугарија. На форумот учествуваа Симона Трајковска од МЦМС и Сања Богатиновска од БЦСДН. 

NGO Forum 1

Оваа година, форумот имаше за цел да придонесе во имплементацијата на „Стратешката рамка за соработка на граѓанското општество во регионот на Црното море“, преку промовирање на овозможувачката околина за граѓански организации како предуслов за регионална соработка и поддршка на работните групи на овој Форум.

Околу 130 учесници (претставници на граѓански организации, регионални и меѓународни организации, регионални и меѓународни донатори) присуствуваа на Форумот и беа активно инволвирани во интерактивните работилници, притоа разработувајќи ги темите: промовирање на овозможувачка околина за граѓанските организации во регионот на Црното Море; интеракција со главните донатори; идентификување на најдобрите пракси за развивање на понатамошни регионални проекти и понатамошно вмрежување во областа. Беше презентиран и последователен Извештај за овозможувачка околина за граѓански организации. Во него се анализирани сите клучни настани од целата година за регионот, со дополнителни заклучоци и препораки, како продолжение на извештајот од 2015 г. – „Овозможувачка околина за развој на граѓанско општество во регионот околу Црното море: Кон регионална стратегија за соработка“. 

Кен Филипс, меѓународниот консултант за граѓански организации, водеше динамична сесија низ која учесниците добија можност да се поврзат и да ги продолжат активностите на работните групи на Блек си Форум на невладини организации низ идентификување на заеднички темели и можности за идни проекти. Работните групи ќе бидат активно вклучени во областите: состојба на младите, граѓанско учество, култура и образование, антикорупција и одржлив развој. 

NGO Forum 2

Учесниците имаа можност да ги слушнат и новостите за меѓународните и регионалните трендови на развојната ефективност и одржливиот развој. Фокусот на дискусијата беше на имплементацијата на 17 Цели за одржлив развој на Обединетите нации, како и улогата на граѓанските организации во процесот. На крајот од Форумот, беше организиран помал состанок за граѓански организации од црно-морскиот регион и Балканот, заинтересирани да дознаат повеќе за тоа како функционира Партнерство на граѓански организации за развојна ефективност (CPDE) како мрежа, како тие можат да придонесат кон нивните активности и како можат да ги направат своите предизвици и потреби видливи на глобално ниво. 

Блек си Форумот на невладини организации е годишен регионален настан кој за прв пат е организиран во 2008 г. од страна на романската фондација ФОНД во контекст на европска политика Black Sea Synergy, која е започната по иницијатива на Романија, Бугарија и Грција со цел консолидација на регионалната соработка во Црно-морскиот регион. Од неговото прво одржување, овој форум ја има улогата на лидер за промена во регионот, притоа вмрежувајќи повеќе од 900 претставници од граѓански организации од различни тематски сектори, меѓународни и мултилатерални организации, меѓународни донатори, експерти, владини претставници од регионот. Црно-морскиот регион го сочинуваат организации од: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Бугарија, Грузија, Грција, Молдавија, Турција, Украина, Романија и Русија. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Овозможувачка околина за граѓанските организации од регионот на Црното Море