Работилница за партиципативно истражување - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за партиципативно истражување PDF Печати Е-пошта
Петок, 16 декември 2016 12:17

Вклучувањето на чинителите во истражувањата и во анализите кои ги прават граѓанските организации беше главната идеја на работилницата за партиципативно истражување, која што се одржа на 14 декември 2016 година во х. Порта во Скопје.

Rabotilnica za participativno istrazhuvanje 1

Пет клучни области беа разработени во текот на работилницата: дефиниција и концепт; силни и слаби страни; методи и алатки (интервјуа, фокус групи, правење дијаграми/визуелизирање, собирање приказни); земање примероци и анализа на собраните податоци. 

Учесниците правеа практична вежба во помали групи. Тие подготвуваа нацрт план за спроведување на истражување од областа која им е од интерес, споделија свои и имаа можност да слушнат и за туѓи искуства во оваа област.

„Партиципативноста е клучна за процесот на учење, поврзан со градење на капацитети“, рече Сајмон Форестер, меѓународен експерт на Цивика мобилитас кој ја водеше работилницата. „Низ тој процес, различните засегнати страни споделуваат контрола и одговорност врз распределбата на ресурсите, како и врз донесувањето на одлуки кои влијаат врз нивниот живот“.

Rabotilnica za participativno istrazhuvanje 2

Учесниците изразија задоволство од содржината на работилницата. Тие во концептот препознаа дел од нивните досегашни активности, а подоцна, низ практичната работа, применија дел од работите за кои разговараа. „Партиципативното истражување е предуслов за организациите да можат да имаат аналитички пристап кон областите кои им се во доменот на интерес, но и да добијат поголема ‘гласност’ кај конституентите/граѓаните и да бидат препознатливи со својата работа. Затоа мислам дека работилниците од овој тип се исклучително корисни, посебно за организациите кои ги користат истражувањата како алатка во секојдневната работа. Сознанијата од оваа работилница се корисни и за СКУП-Македонија од аспект што ќе можат да ни помогнат во нашата работа и соработка со нашите конституенти/граѓани“, изјави Жаклина Хаџи-Зафирова од Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија.

На работилницата присуствуваше дваесет и еден учесник, од седумнаесет граѓански организации, грантисти на Цивика мобилитас.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работилница за партиципативно истражување