Избрани новите 12 институционални грантисти на Цивика мобилитас Печати
Понеделник, 26 декември 2016 15:19

Комисијата за избор на грантови го направи изборот на грантисти од организациите кои поднесоа пријава на третиот повик за институционални грантови на Цивика мобилитас.

cm-banner-grants-ins

Добитници на институционален грант се 12 организации и тоа:

  • Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување;
  • Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија;
  • Центар за развој на медиуми;
  • Женска граѓанска иницијатива АНТИКО;
  • Центар за граѓанска иницијатива, Прилеп;
  • Мировна акција, Прилеп;
  • Фондација за развој на образование и култура АЛБИЗ, с. Сарај;
  • КОНЕКТ;
  • Совет за превентива против малолетничка деликвенција, Кавадарци;
  • Асоцијација на економски истражувачи – СТОУК, Скопје;
  • ЗИП Институт за политичко и добро владеење;
  • Асоцијација за интернационална мобилизација, Виница.

Новите грантисти дејствуваат во осум различни сектори и тоа најмногу во секторите на доброто владеење (и човекови права) и деца, млади и студенти, но и во секторите за информации и комуникации, децентрализација, родови прашања и здравствена заштита. Најголем дел од грантистите (91 %) дејствуваат на национално, а по една петина дејствуваат и на локално и на регионално ниво. Грантистите доаѓаат од четири региони, најголем број од нив се од скопскиот регион, потоа од пелагонискиот, источниот и вардарскиот регион. Во поглед на искуството, најголем број имаат искуство помеѓу четири и 15 години, вкупно четири се со искуство помеѓу четири и седум години, а една со искуство помеѓу една и три години.  

На повикот што беше отворен до 31 октомври 2016 г. беа поднесени 76 пријави за институционален грант, од кои 59 пријави ја поминаа проверката на административна усогласеност и подобност.


Поврзани: