Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Консултации за индикаторите за следење на работата на ДКСК PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 јануари 2017 17:14

На 6 и 21 декември 2016 година во МЦМС беа организирани две полудневни работилници на тема „Развивање на методологијата за следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)“. Учествуваа претставници на членките на Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Konsultacii za indikatorite za sledenje na rabotata na DKSK 1

На првата работилница се разговараше за досегашните постигнувања на ДКСК. Беа разгледани надлежностите на Комисијата и се дискутираше за степенот на нивните остварувања. Учесниците ги идентификуваа клучните слабости и предизвици имајќи ги предвид прашањата кои ќе се опфатат со методологијата. Беше разговарано и за тоа на кои надлежности треба да се стави поголем акцент во следењето, како и за временската динамика. Фацилитатор на работилницата беше Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнал Македонија.

Konsultacii za indikatorite za sledenje na rabotata na DKSK 2

На втората работилница учесниците се консултираа за индикаторите за следење на работата на ДКСК, кои се развиени во соработка со Центарот за изучување на демократијата од Бугарија. Нацрт Матрицата за следење на работата на ДКСК вклучува околу 50 индикатори поделени во четири групи: 1. Индикатори за транспарентност; 2. Индикатори за отчетност; 3. Индикатори за ефикасност и 4. Индикатори за придонесот на ДКСК во борбата против корупцијата во земјата. Работилницата ја фацилитираше Миша Поповиќ, од Институтот за демократија Социетас Цивилис - Скопје.

Работилниците се дел од проектот „Следење на работата на ДКСК“.

Проектот е спроведуван од МЦМС, а финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје.

 
civica-logo
tacso-logo

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Консултации за индикаторите за следење на работата на ДКСК