Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Деполитизација на државното финансирање PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 јануари 2017 09:47

Како да се унапреди системот на државното финансирање на ГО? Каква поддршка е потребна и како транспарентно да се распоредат средствата од игрите на среќа и забавните игри? Ова беа дел од прашањата за кои дискутираа членовите на неформалната платформа на граѓански организации за реформи во државното финансирање на состанокот кој се одржа на 12 јануари 2017 година во МЦМС. Целта беше да се усогласи заедничка основа за застапување за промени во  системот на државно финансирање на  граѓанските организации во Македонија. 

slika-sostanok-2

Присутните дискутираа за тековните и најавените промени за распоредување на средства од буџетот на РМ за 2017, преку буџетската ставка 463- Трансфери до невладини организации. „Недостасува транспарентност и отчетност во целиот процес на распределување на средствата,“ рече Драги Змијанац од Првата детска амбасада во светот- „Меѓаши“ и додаде дека недостасува граѓанската компонента во процесот. „Граѓаните не се свесни дека тие средства се за нив, а не за самите граѓанските организации,“ рече тој.

Голема дискусија предизвикаа потенцијалните критериуми и процедури за распределба на средствата за ГО. Дел од предлозите беа: објавување на спроведените активности, износи, услови и критериуми за доделување, правилник за дефинирање на општите критериуми, а дополнителните посебни критериуми да бидат дефинирани од поединечните институции. „Многу е важно да изградиме систем кој ќе биде ослободен од политички влијанија и кој ќе овозможи вклучување на повеќе граѓански организации од различни сектори,“ истакна Никица Кусиникова од Конект. Таа додаде дека е потребен систем сличен на оној во Словенија, каде сите институции доделуваат високи средства кои се дистрибуираа на голем број организации. На овој начин се финансираат голем број на активни граѓански организации со што се обезбедува еден вид на децентрализација и неутрализација на политичките влијанија.

slika-sostanok-1

Основа за дискусиите беа препораките од граѓанските организации и државните институции дадени на националната конференција „Потенцијалот на државното финансирање за одржливоста на ГО“ која се одржа во ноември 2016 г., а ја организираа МЦМС и македонската канцеларија на ТАКСО.

Присутните ќе ја вложат нивната експертиза во понатамошниот процес кој ќе резултира со конкретни препораки за реформа на моделот за државно финансирање на граѓанските организации. Во наредниот период ќе се одржат работилница на кои претставниците на ГО заедно со надворешен експерт ќе ги усвојат основните препораки.

 

Состанокот беше дел од проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“, кој што се го спроведуваат МЦМС и ЦНВОС од Словенија, а финансиски е поддржан од Европската Унија.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Деполитизација на државното финансирање