Донаторски стратегии и практики - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Донаторски стратегии и практики PDF Печати Е-пошта
Петок, 24 март 2017 00:00

Donatorski strategii i praktiki za poddrshka na gragjanskoto opshtestvo vo MakedonijaИзвештајот „Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество за Западен Балкан” ги отсликува трендовите и практиките што активните донатори во регионот ги применуваат во поддршката на граѓанското општество, како и нивните ставови кон улогата на граѓанското општество.

Донаторската помош за Западниот Балкан е речиси исклучиво формулирана во насока на поддршка за процесот на интегрирање во ЕУ. Интервенциите на ЕУ во регионот треба да се разберат како политички напор за помош на овие држави на нивниот европски пат, повеќе отколку долгорочен развоен проект. Во овој контекст, развојот на граѓанското општество не е приоритет на агендата на донаторите. Граѓанските организации главно се дожувуваат како средства за постигнување на конкретни цели, како што е промоцијата на европските норми и вредности. Од гледна точка на донаторите, граѓанско општество засновано на проектна поддршка, кое може брзо да одговори на нивните вечно променливи потреби е идеален инструмент за следење на нивната мисија. 

Доминантниот став на донаторите беше дека градењето на граѓанското општество е, и треба да остане подредена цел. Дури и донаторите со позитивни ставови, го гледаат граѓанското општество како премногу „заситено“ и доволно големо. 

Извештајот ги опфаќа и мотивите за присуство на донаторите, нивоата на донаторска поддршка, начините на планирање и програмирање на поддршката, координацијата на донаторите и идните чекори. На крај, документот нуди заклучоци и препораки пред се насочени кон донаторите во Македонија имајќи го предвид поширокиот политички контекст во регионот.

Изданието е превод од извештајот кој е подготвен од Универзитетот од Лондон „Queen Mary“ и Балканската мрежа за развој на граѓанско општество. МЦМС ги поддржа националните активностите поврзани со подготовката на регионалниот извештај.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Донаторски стратегии и практики