Oбука за обучувачи Печати
Петок, 07 април 2017 12:39

Ресурсниот центар на ТАКСО воден од Македонски центар за меѓународна соработка и Македонската канцеларија на проектот ТАКСО во периодот од 4 до 6 април 2017 организираa обука на тема „Обука за обучувачи“ во хотелот Континентал во Скопје.

Obuka za obuchuvachi 1

На обуката учествуваа 18 претставници на граѓански организации кои организираат и спроведуваат различни едукативни програми и програми за обука. Тие стекнуваа вештини и ја усовршуваа примената на алатките за подготовка и спроведување на обука. 

„Ваквите обуки се навистина корисни. Ние како припадници на невладиниот сектор имаме одредено искуство, меѓутоа презентирањето пред другите и примањето на критики  ни даваат понатамошна насока. На тој начин полесно ги воочуваме мааните и негативностите и можеме да ги претвориме во нешто позитивно, “- изјави Сашко Јованов од Асоцијацијата „Хуманост“. 

Obuka za obuchuvachi 2

За позитивното искуство од соработката за време на обуката зборуваше Андреј Габроски од Младински совет Прилеп кој рече дека големата возрасна граница помеѓу учесниците, различното искуство и различниот пристап кон работите воопшто не им претставувале пречка туку предност за нивното заедничко функционирање и за остварување на можна понатамошна соработка.

Во текот на трите дена учесниците имаа можност да ги подобрат своите комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини, како и да се здобијат со знаење за техниките и методите за обука. На самиот крај, наученото успеаја практично да го преточат во дизајнирање на една сесија од обука која ја спроведоа пред останатите учесници и предавачите. 

Обуката ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Валентина Чичева од МЦМС.


Поврзани: