Цивика мобилитас ги промовираше новите грантисти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивика мобилитас ги промовираше новите грантисти PDF Печати Е-пошта
Вторник, 16 мај 2017 14:52

Цивика мобилитас денес (16 мај 2017 година) во х. ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје ги промовираше новите акциски, мали и ад хок грантисти. „Цивика мобилитас ја достигна планираната критична маса од 100 големи грантисти, додека вкупниот број на поддржани организации на една и пол година пред крајот на програмата е 197“, рече во своето обраќање Александар Кржаловски, Национален водач на тимот на програмата и прв извршен директор на МЦМС. 

Civika mobilitas gi promovirashe novite grantisti

Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада им ги врачи договорите на грантистите. „Во ваква чувствителна политичка и општествена околина се истакнува улогата на граѓанското општество во промовирањето на дијалогот во општеството“, рече таа и додаде дека грантистите на Цивика мобилитас веќе се истакнати двигатели на промените. Амбасадорката Сутер Тејада ја истакна и улогата на младите луѓе од различни етнички заедници, „навистина ми е мило што имаме бројни организации водени од млади луѓе“, рече таа.

Вкупно 15 организации добија акциски грантови наменети за поддршка на граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности со вкупен буџет од над 28 милиони денари. Планираните активности ќе бидат насочени во повеќе сектори како што се: доброто владеење, граѓанското општество, родовите прашања, меѓуетничките односи, толеранцијата, културата, хендикепот, вработувањето, образованието и науката, информациите и друго. Организациите добитници се од Скопскиот, од Полошкиот, од Североисточниот и од Вардарскиот регион. Низ кратки видеа беа презентирани планираните активности на акциските грантисти.

Civika mobilitas gi promovirashe novite grantisti 2

На настанот беа промовирани и осум мали акциски и 14 ад хок грантисти чиј буџет изнесува приближно 7,5 милиони денари. Овие организации, низ нивните активности во фокус ќе ja стават потребата од дебата, изборите, животната средина, локалната самоуправа, човековите права, меѓуетничките односи, младите итн. 

Новата поддршката за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество преку програмата Цивика Мобилитас започна во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци.

Добитници за акциски грантови се:

Здружението за истражувања, анализи и развој „Зелена лупа“ од Скопје, за акцијата „Да ја вратиме довербата во судовите – Правда за секого!“; Институтот за комуникациски студии за акцијата „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“; Фондација Балканска мрежа за развој на граѓанско општество, Скопје, за акцијата „Заштита на граѓанскиот простор – должности и учесници“; Фондација „Македоника“, Скопје, за акцијата „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“; Македонското женско лоби за акцијата „Родовите прашања и политики како мотив за граѓаните да бидат вклучени во креирање на локалните политики“; Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија за акцијата „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“; Гешталт центарот „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ, Скопје за акцијата „Младинска кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза“; Здружението на граѓани „Локомотива“ – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, Скопје за акцијата „Културни простори за активни граѓани“; Хуманитарната oрганизација „Ел Хилал“ за акцијата „Истражување, промоција на толеранцијата и враќање на заедничките вредности за успешен соживот кај различните етнички заедници“; Националниот ромски центар (НРЦ) од Куманово за акцијата „Унапредување на социјалното вклучување на ромската заедница во шест општини во Република Македонија“; Руралната коалиција од Куманово за акцијата „Јакнење на капацитетите на здруженијата за партиципативно учество во процесот на донесување на јавни документи и политики во земјоделството и руралниот развој“; Реактор – Истражување во акција за акцијата „Младинско застапување за одржлива иднина“; Институтот за економски истражувања и политики „Финанце тинк“ од Скопје за акцијата „Поттикнување економска дебата во Македонија, базирана на докази и водена од податоци“; Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје за акцијата „Застапуваме, зајакнуваме, се поврзуваме“ и Центарот за развој на медиумите на заедниците „Медиум“ за акцијата „Нови медиуми за стари предизвици“.

Добитници на мали акциски грантови се:

Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми „Прогрес“, Скопје за акцијата „Ромско младинско учество во јавните процеси на донесување одлуки и креирање на јавното мислење“; Здружението „Спектрум плус“ за акцијата „Сите се смееме со иста насмевка“; Регионалното географско друштво „Геосфера“, Битола за акцијата „Сликај, постирај, алармирај!“; Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“ за акцијата „Зелено Куманово“; Нексус – Граѓански концепт, Скопје за акцијата „Платформа за стимулирање на активна граѓанска партиципација: Информирај се, биди активен, гласај!“; Балкан економик форум за акцијата „Практична обука за промени“; Здружението „Радика-Де“ за акцијата „Основите на претприемништвото“ и Здружението на обучувачи на јавна администрација „Пат“, Скопје за акцијата „Со поголема отвореност и отчетност на општините – Кон проактивно граѓанство“.

Добитници на ад хок грантови се:

Здружението за животна средина „Еко планета“, Скопје за акцијата „Едукација на децата во основните училишта во општина Карпош на тема квалитет на воздух“; Центарот за граѓански мониторинг, Скопје за акцијата „Компаративна студија за изборните недостатоци во Македонија и искуствата во регионот“; Граѓанската иницијатива “Да ја спасиме Попова Шапка” за акцијата „Да ја спасиме Попова Шапка“; Здружението на граѓани „Филозофско друштво на Македонија“, Скопје за акцијата „Филозофски филмски фестивал 2017“; Младинскиот центар за еднакви можности Скопје за акцијата „Против насилство – под исто небо!“; Македонското здружение на млади правници – МЗМП, Скопје за акцијата „Правна подготвеност за инспекции во граѓански организации“; Здружението за развој, претприемништво и претприемачко учење МАРВЕЛ-АДЕЕЛ“, Штип за акцијата „И ние сме дел од општината“; Здружението за еднакви можности и меѓуетничка соработка „АЛ-МА“, Скопје за акцијата „Имаме право да бидеме информирани“; Извиднички одред “Димитар Влахов“, Велес за акцијата „Младите во акција“; Центарот за човекови права „Амос“, Битола за акцијата „Музиката е мојот јазик“; Здружението за правни истражувања и анализи - Центар за правни истражувања и анализи“, Скопје за акцијата „Зголемена видливост на работата на Уставниот суд“; Балканскиот институт за регионална соработка за акцијата „ЗИГЗАГ – до решение за проблемите на граѓаните преку телевизиска дебата меѓу НВО и институциите“; Центарот за истражувачко новинарство на Македонија „3 мај“, Скопје за акцијата „Затворот – место каде што најбргу се губи достоинството“ и Здружението Институт за стратешки истражувања и едукација „ИСИЕ“ за акцијата „Воспоставување на критериуми за квалитет во општествените науки во функција на спречување на одливот на мозоци од Република Македонија“

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Цивика мобилитас ги промовираше новите грантисти