Oвозможувачка околина за граѓанско општество: сон или можност? - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Oвозможувачка околина за граѓанско општество: сон или можност? PDF Печати Е-пошта
Вторник, 30 мај 2017 12:23

„Овозможувачката околина за граѓанските организации е срцето на граѓанското општество“, рече Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, во неговото обраќање на презентацијата на четвртиот Извештај за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество за 2016 г подготвен од МЦМС. Тој ја истакна важноста на надградувањето на законите и на потребата да се држи чекорот со останатите земји во регионот. Бертолини ги поттикна присутните да размислуваат заеднички за иднината и да се стремат кон обезбедување одржливо граѓанско општество во партнерство со ДЕУ.

Ovozmozhuvachka okolina za gragjansko opshtestvo son ili mozhnost 1

„Зголемен е бројот на случаи на индиректни притисоци врз граѓанските организации, преку инспекции и медиумска пропаганда“, рече Симона Огненовска, еден од авторите на Извештајот. „Мирните собири беа главно овозможени но, беа регистрирани ограничувања за локациите и имаше прекумерно присуство на полицијата“, додаде таа. Во Извештајот се констатира отсуство на систематски реформи во државното финансирање за ГО и влошување на односот меѓу владата и граѓанското општество. „Основањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество беше бојкотиран од 93 организации, а зголеменото усвојување на нацрт-законите по скратена постапка, ја намали вклученост на ГО и можноста за придонес“, рече Огненовска. 

„И покрај отворениот повик за пријавување на кандидати, се уште нема официјална одлука за формирање на Советот, и покрај тоа што речиси една година е измината“, рече во своето излагање Никица Кусеникова, извршен директор на Конект.

„Истражувањата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, Скопје покажаа дека 80% од општата јавност не е свесна за начините на вклучување во процесите во Собранието. Освен тоа, , утврдено е дека во еден ден во 2016 г. во Собранието бил изгласуван закон на секои 11 минути“, рече Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС. Тој истакна дека покрај отсуството на политичка волја за вклучување на ГО во процесите на креирање политики во Собранието, опадната е и надзорната улога на оваа институција. 

Ovozmozhuvachka okolina za gragjansko opshtestvo son ili mozhnost 2

„Во Македонија и во Србија постои загрижувачки тренд на појава на недемократски здружувања, недоследности во примената на законите за здружување, зголемени прекршувања на слободата на собирање и изразување особено во Босна и Херцеговина и Србија“, рече Илина Нешиќ, в.д. извршен директор на БЦСДН, зборувајќи за регионалните предизвици во оваа област. (презентација 1) Според неа, наодите од четиригодишното следење покажуваат дека освен во Македонија и Турција, во останатите земји од Западна Европа има позитивни поместувања во насока на создавање овозможувачка околина за развој на граѓанското општество. 

Присутните дискутираа за тековните горливи проблеми на граѓанските организации и за начините за нивно решавање. Зоран Дранговски од Македонското здружение на млади правници рече дека неговата организација обезбедува правна помош на ГО кои се соочуваат со административни проверки. „Законските одредби се нејасни, па затоа се и предмет на различни толкувања кои ги доведува до неизвесност ГО“, рече тој. Симона Огненовска се осврна на недостатокот на транспарентност и отчетност во процес на дистрибуција на буџетските средствата. „И покрај значителното зголемувањето на буџетските средства преку Генералниот секретаријат на Владата на РМ од приближно 200.000 евра (во последните 9 години) на 813.000 евра во 2017 г, сепак останува нејасно како се дистрибуираат“. Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум, истакна дека е вистинско време за дискусии за околината имајќи ја предвид неизвесната законска рамка, потребата од покренување на солидарност особено во услови на целни инспекции. 

Настанот се одржа на 17 мај во Инфо центарот на ЕУ во Скопје.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Oвозможувачка околина за граѓанско општество: сон или можност?