Граѓанското новинарство како сервис на граѓаните - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанското новинарство како сервис на граѓаните PDF Печати Е-пошта
Среда, 31 мај 2017 11:53

Шеесет и осум претставници на граѓански организации и активисти во изминатиов месец  се стекнаа со знаења и практични вештини од областа на граѓанското новинарство.

gragjanskoto-novinarstvo-kako-servis-na-gragjanite 1

Тие научија како да препознаат интересна вест која вреди да биде објавена; како да направат фотографија која на вистинскиот начин ќе ги визуелизира пораките што сакаат да ги пренесат; ги подобрија знаењата и вештините за употреба на социјалните медиуми и дискутираа за етичките прашања во практикувањето на граѓанското новинарство.

„Граѓанското новинарство им е добредојдено на професионалните новинари затоа што во некоја рака ги надополнува во она што го прават“, им рече на учесниците Боби Христов, новинар на ТВ Телма и еден од обучувачите. Тој ги поттикна да бидат креативни во пишувањето и да се обидат да ги гледаат случувањата од перспектива на публиката.

gragjanskoto-novinarstvo-kako-servis-na-gragjanite 2

Учесниците изразија големо задоволство од она што имаа можност да го слушнат, научат и применат. Тие рекоа дека обуката ќе им користи за нивниот личен и професионален развој и дека наученото веднаш ќе можат да почнат да го практикуваат во своите организации. Како најкорисни обуки ги издвоија оние за социјални медиуми и фотографија.

gragjanskoto-novinarstvo-kako-servis-na-gragjanite 3

Во периодот од 27 април до 19 мај, Македонскиот центар за меѓународна соработка организираше четири вакви обуки за граѓанско новинарство. Тие беа од регионален карактер и се одржаа во Скопје, Битола, Штип и Струмица

Ова беше една од активностите планирани со проектот „Топ тема на ваша страна“, што МЦМС го спроведува заедно со Телевизија Телма. Проектот е финансиран од УСАИД.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓанското новинарство како сервис на граѓаните