Започна третиот по ред „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна третиот по ред „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) PDF Печати Е-пошта
Петок, 23 јуни 2017 14:39

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како локален партнер денес (23 јуни 2017 година) информираа за проектот „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) и го означија почетокот на тринеделниот студиски престој на осумтемина студенти од САД, Австралија и Велика Британија во Македонија.

2017623 Rodum od Makedonija 1

Тајлер Муреј (Tyler Murray), Валентина Талевски, Наташа Петреска, Дилон Огненовски (Dillon Ognenovski), Никол Крингс (Nikole Krings), Џереми Дросинис (Jeremy Drossinis), Илија Влчевски и Џејмс Цветковски (Jamens Cvetkovski) ќе бидат на студиски престој кој е комплементарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси. Праксата ќе ја обавуваат во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, на Факултетот за фармација при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во СОС Детското село, во Црвен Крст на РМ, во Хелтгрупер, Некстсенс и во Македонската асоцијација за човечки ресурси. За време на нивиот престој, тие ќе живеат со семејства-домаќини и одблизу ќе можат да го видат секојдневието и културата на Македонците. МЦМС се погрижи да ги организира и дополнителните активности за време на викендите кога студентите ќе можат да ги посетат значајните културни манифестации што ќе се одвиваат во тој период.

2017623 Rodum od Makedonija 2

Проектот е осмислен и развиен од Питер Далас, член на Советот на ОМД кој е роден во САД а има потекло од Гевгелија и од Егејска Македонија. Причината за почнувањето на овој проект е неговата загриженост од слабеењето на врските на Македонците со нивните корени. „Врските слабеат особено кај младите од најпрвите генерации Македонци кои живеат во странство заради растечката асимилација. Затоа, сакав да направам нешто за да им помогнеме на Македонците во странство да ја задржат нивната врска со татковината“, рече тој на отворањето на проектот.

2017623 Rodum od Makedonija 3

„Родум од Македонија“ својата премиера ја имаше во 2015 година“, рече  Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС. „Учесниците од претходните две години го нарекоа престојот во Македонија ‘неверојатно искуство’ што треба да го има секој млад човек со потекло од Македонија. Дел од нив беа трета генерација родена надвор од Македонија, а прва кога се враќа во Македонија по иселувањето.  Мило ни е што секоја година имаме се поголем број студенти“, додаде тој и истакна дека ваквите активности во соработка со ОМД можат да ја зајакнат довербата и да придонесат кон поинтезивна соработка со дијаспората. 

2017623 Rodum od Makedonija 4

Примарната цел на „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) е младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Започна третиот по ред „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia)