Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Квартален извештај бр.2 PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 07 август 2017 12:56

Автор: Македонски центар за меѓународна соработка
Дата: мај 2017
ISBN:  
PDF: sledenje-na-dksk-kvartalen-izveshtaj-br-2.pdf

ДКСК квартален извештај бр.2

Резултатите од следењето на работата на ДКСК за периодот јануари - март 2017 г. се дел од вториот квартален извештај. Од вкупно 31 индикатор следени во набљудуваниот периодот, а за кои се следи исполнувањето на законските обврски („обојување на индикаторите“), 13 се остваруваат целосно во согласност со законот, 16 се остваруваат делумно, а два не се остваруваат.

Во овој период ДКСК одговорила на 1.460 барања за мислење од страна на државни институции за примена на Законот за спречување на корупцијата во изборен процес. ДКСК отворила 16 предмети за можни злоупотреби на буџетските средства, јавните фондови и средствата на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал за парламентарните избори одржани во декември 2016 г., меѓутоа не подготвила посебен извештај којшто треба да го достави до Собранието на Република Македонија. 

Во овој период, ДКСК не презела конкретни мерки за активна примена на Законот за заштита на укажувачите и подзаконските акти кои се однесуваат на обврските на јавните институциите. ДКСК продолжи со активно спроведување на активностите на полето на соработка и едукација.

Во периодот на следење, ДКСК го подготви и Годишниот извештај за своето работење во 2016 г. Годишниот извештај дава делумна слика за нивото на остварувања на надлежностите.

Целта на овие изданија е граѓаните и другите засегнати страни редовно да добиваат информации за резултатите од работењето на ДКСК. За самата ДКСК придобивка од надворешното следење е да добие независна оценка за своето работење. Секој извештај ќе содржи и заклучоци за соодветниот период што ДКСК ќе може да ги искористи за потврдување на достигнувањата и за подобрување во областите во кои е идентификувано потфрлање.

dksk kvartalen izvestaj 2 flaer

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Квартален извештај бр.2