Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нов импулс за поголемо учество на јавноста во креирањето политики PDF Печати Е-пошта
Петок, 25 август 2017 11:27

Со објавување на информации од седниците на Владата и продолжувањето на рокот на консултации на ЕНЕР ќе се придонесе за подобрување на транспарентноста во подготовката на законите.

OGLEDALO FB

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поздравува одлуките на Владата за продолжување на рокот за консултации на предлог-законите на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија – ЕНЕР (ener.gov.mk) од 10 на 20 дена и редовното објавување на дневниот ред, записниците и прес соопштенија од седниците на Владата. Веруваме дека и двете одлуки се резултат на повеќегодишни барања на граѓанскиот сектор, како и на мерките од Акцискиот план на Владата „Отворено Владино партнерство 2016-2018”.

МЦМС од 2012 г.  го следи учество на јавноста во процесите на подготовка на закони („Огледало на Владата“). Консултациите на ЕНЕР треба да придонесат кон зголемено учество на граѓаните во тие процеси. Во претходните години имаше тренд на непочитување на минималниот рок од 10 дена за консултации. Во 2015 г., кај 39% од предлог-законите утврдени на Владата не е испочитуван овој минималниот рок.

Со зголемувањето на периодот на консултациите од минимум 20 дена се очекува да се зголеми и влијанието на јавноста во креирање на законите. Владата во иднина не треба да дозволи утврдување на предлог-законите на Седниците доколку минималниот рок за консултации на ЕНЕР не е испочитуван. МЦМС и понатаму ќе инсистира  на почитување на Деловникот за работа на Владата, односно, министерствата да ги објавуваат на ЕНЕР сите предлог закони без разлика дали се носат по скратена или редовна постапка. 

Со отворање на дневните редови и записниците од седниците на Владата значително ќе се олесни следење на процесот на креирање политики што беше беше една од главните препораки на граѓанскиот сектор.

МЦМС во изминатите години подготвии објави неделни, месечни, квартални извештаи и годишни  извештаи:  

Сите извештаи содржат заклучоци и препораки за подобрување на процесот на консултации и поголема вклученост на граѓаните во процесот на креирање јавни политики.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нов импулс за поголемо учество на јавноста во креирањето политики