Цивика мобилитас ги промовираше последните 24 грантисти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивика мобилитас ги промовираше последните 24 грантисти PDF Печати Е-пошта
Петок, 22 декември 2017 15:33

Цивика мобилитас денес (22 декември 2017 година) во х. Арка во Скопје ги промовираше новите мали и ад хок грантисти. „Денес ги доделуваме последните 24 грантови во оваа фаза на програмата. Во изминатите три години, доделивме 221 грант за 212 организации, осум стипендии е еден грант за практикантство“, рече во своето обраќање Александар Кржаловски, Национален водач на тимот на програмата и прв извршен директор на МЦМС.

Civika mobilitas gi promovirashe poslednite 24 grantisti 1

Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада им ги врачи договорите на грантистите. „Во последните две години видовме големи политички и општествени промени во земјата, секако голем дел од заслугата за нив оди на сметка на граѓанското општество“, рече таа и додаде дека е задоволна што некои од грантистите на Цивика мобилитас беа предводници на тие процеси. Таа потенцираше дека беа вклучувањето на секој граѓанин, општествените и политичките промени немало да се случат. Амбасадорката Сутер Тејада исто така објави дека Швајцарија ќе продолжи да го поддржува граѓанското општество и во следните четири години.

Вкупно 7 организации добија мали акциски грантови наменети за поддршка на граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности со вкупен буџет од над 2,7 милиони денари. Планираните активности се насочени кон маргинализирани групи луѓе, кон земјоделците, кон младите во образовниот процес и кон јакнење на свеста на граѓаните во користење на обновливи извори на енергија.

Civika mobilitas gi promovirashe poslednite 24 grantisti 2

На настанот беа промовирани и 17 ад хок грантисти чиј буџет изнесува над 5,3 милиони денари. Овие организации, низ нивните активности во фокус ќе ги стават миграциите, родовите прашања, јавните финансии, правосудството и човековите права, животната средина, децентрализацијата и учеството на граѓаните во креирање на политики на локално ниво, лицата со хендикеп итн. 

Организациите добитници се од Скопскиот, од Југозападниот, од Пелагонискиот, од Североисточниот, од Источниот и од Југоисточниот регион. 

Civika mobilitas gi promovirashe poslednite 24 grantisti 3

Новата поддршката за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество преку програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) започна во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Цивика мобилитас ги промовираше последните 24 грантисти