Прогласени победниците во првиот конкурс за граѓански новинари - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прогласени победниците во првиот конкурс за граѓански новинари PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 25 декември 2017 14:17

Македонскиот центар за меѓународна соработка и Телевизија Телма ги избраа добитниците на наградите за граѓанско новинарство од првиот конкрус за приказни и фотографии на граѓански новинари.

dobitnici na nagradi konkurs 1

Во категоријата приказни на граѓански новинари, првото место го доби „Девојката со осите“ од Сашко Тодоров, а второто, „Загаденост во околината на Штип“ од Александар Стеванов.

Во категоријата фотографии/фоторепоражи и видеа наградена е видео темата „Првата вело-лента во Скопје, опасност за велосипедистите“

На првиот конкурс за приказни и фотографии на граѓански новинари пристигнаа вкупно 11 пријави.

Телма и МЦМС денес го отворија новиот конкурс што ќе трае до 11 февруари 2018 година

Ги поттикнуваме сите заинтересирани граѓаните да ги актуализираат проблемите кои непосредно ги засегаат, да ги забележат и на вистинскиот начин да информираат за нив, и на тој начин да ги предизвикаат институциите да постапат.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Прогласени победниците во првиот конкурс за граѓански новинари