Работилница за работни односи за граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за работни односи за граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Среда, 27 декември 2017 10:49

Регулирањето на работните односи во граѓанските организации беше главна идеја на работилницата која се одржа на 22 декември во хотелот Арка во Скопје.

rabotilnica za rabotni odnosi za gragjanskite organizacii

Учествуваа 34 претставници на грантистите на Цивика мобилитас, а ја спроведоа обучувачи од организациите: Коалиција Сите за правично судење, Институт за човекови права и Македонско здружение на млади правници, кои се исто така грантисти на програмата.

На работилницата детално се дискутираше за законите за работни односи, за безбедност и здравје при работа, за заштита на лични податоци и за заштита од вознемирување на работното место. На присутните им беа објаснети законските обврски на граѓанските организации како работодавачи за да се оневозможат грешки во нивното работење. 

Учесниците доаѓаа од помали и поголеми организации, некои со подолго а некои со пократко искуство во оваа проблематика. Тие прашуваа за нивните недоумици особено околу толкувањето на законите. Заинтересираноста за темата придонесе да се развие широка дискусија околу секое од прашањата.

Работилницата беше инспирирана од инспекциите кои ги контролираа граѓанските организации од декември минатата година па се до почетокот на јуни 2017 година. Таа беше дел од ад-хок грантот за проектот „Правна подготвеност за инспекции во граѓанските организации“.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работилница за работни односи за граѓанските организации